Дознајте на што ве предупредува вашата висина, обемот на половината и големината на градникот…

1. Дали обемот на половината ви е поголем од 78 см?

 

За секои 2,54 см повеќе одо оваа вредност, ризикот од канцер на дебелото црево се зголемува за 3%. Обемот на половината е исто така индикатор за ризик од срцеви заболувања, дијабетес и хипертензија. Намалувањето на обемот преку диети и физичка активност го намалува ризикот од сите споменати заболувања.

 

2. Дали големината на вашиот градник е 80Д или повеќе?

 

Бројот на градник 80 е просечен, a корпата Де е наменета за жените со големи (но не и преголеми) гради. Сепак, статистиките покажуваат дека жените со оваа големина на градник имаат болки во грбот поради притисокот на рбетот. Во тој случај, пилатес вежбите ќе помогнат со нив ќе ги зајакнете мускулите на централниот дел од телото кои му даваат потпора на рбетот.

 

3. Дали обемот на вашите бутови (одделно) е поголем од 58,4 см?

 

Ако е така, тогаш сте изложени на поголем ризик од срцеви болести, тврдат експертите. Од друга страна, преслабите бутови можат да укажат на недоволно вкупна мускулна маса, што значи неадекватно искористување на инсулинот – хормон кој го претвора шеќерот од крвта во енергија. Тоа го зголемува ризикот од настанок на дијабетес, а последично и на срцеви заболувања.

 

4. Дали сте повисоки од 174 см?

 

Американските научници откриле дека висината поголема од оваа вредност незначително го зголемува ризикот од канцер на дојката. Причина? Хормоните за раст можат да предизвикаат зголемување на ткивото на млечните жлезди. Но, не грижете се, туку редовно контролирајте ги дојките.

 

5. Дали можете јасно да гледате подалеку од 20 метри?

 

Застанете на оваа оддалеченост од паркиран автомобил. Ако видот ви е нормален ќе требате јасно да ги видите бројките и буквите на регистрацијата, но ако не можете, задолжително посетете офталмолог. Иако порано видот ви бил совршен, од средина на четириесеттите години од животот тој почнува да слабее, било на далечина или на близина. Токму поради тоа, можно е д ви бидат потребни диоптриски очила или контактни леќи.

 

6. Дали можете да издржите 30 секунди правејќи planking?

 

Легнете на стомак, лактите и надлактиците поставете ги над градите, a потоа подигнете се од подот оттурнувајќи се со стапалата. Исправете го грбот и задржете се во оваа положба 30 секунди. Ако не можете, тогаш тоа значи дека мускулите на централниот дел од телото ви се слаби, што предизвикува болки во долниот дел од грбот и лоша рамнотежа. Зајакнете го овој дел од телото со редовни вежби.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина