lavanda-limonada

Кога некој ќе спомене лимонада, сите помислуваме на онаа класичната, онаа лимон,вода и засладувач.Во овој рецепт ќе ви дадеме супер креативен начин за една смирувачка и здрава лимонада.

Лавандата има потекло од Северна Африка, а исто така расте и на Медитеранот. Лавандата нуди големи бенефиции за кожата на човекот па често се додава на парфеми, шампони, гелови, креми, лосиони, сапуни. Зборот лаванда доаѓа од латинскиот збор “lavare”, што значи миење. Лавандата се почесто се одгледува за производство на етерични масла.Има силно антисептично и антивоспалително дејство, а може да се користи и при опекотини и убоди од инсекти.

Истражувањата покажуваат дека етеричното масло од лаванда е многу ефикасно во лекување на анксиозност,несоница,депресија и немир.

Сега кога знаете за сето ова,можете да уживате во вашата лаванда лимонада, која освен што е здрава, опушта и смирува!

Лаванда лимонада рецепт

Состојки:

-сок од 4 лимони

– 1 капка етерично масло од лаванда

-1 лажица сушени цветови од лаванда

-7 чаши топла вода

-¾ чаша мед

Ја почитува здравата исхрана,посебно овошјето и зеленчукот,љубител на животни,верува во љубов,омилено место за живеење Париз