Ако не се придржуваме до одредени правила, можемо да си го загрозиме здравјето и да го поттикнеме стареењето. Исто така, постојат вежби кои можат да го забават процесот на стареење. Тоа главно се вежби кои бараат чести и брзи промени на интенитетот на тренингот, попознати како ХИТ тренинг. Потењето за време на тренингот имаат исклучителни физички и ментални предности. Па од тука одбегнувањето на телесните вежби може да биде кобно за целокупното здравје.

Кога се работи за забавување на процесот на стареење, не се сите вежби еднакви. Дури и редовните телесни вежби со тек на време може да нанесе штета во облик на оштетување на зглобовите или кожата, а прекумерното напрегање може да доведе до повреди кои ќе се појават дури во зрела возраст. Ако сакате што подолго да ја зачувате младоста, погледнете на кои 5 нешта морате да обратите внимание во текот на вежбањето.

 

Заштитете се од сонцето

 

Поголем дел од декоративната козметика содржи одреден фактор за заштита против сонцето. Кога се подготвуваме за трчање, обично не ставаме никаква шминка на лицето, но не ставаме ниту крема со заштитен фактор. Ако ставите крема со заштитен фактор пред трчањето, тоа пак нема да значи дека сте целосно заштитени од штетното влијание на сонцето.

 

Препорака

 

Нема причина да се вежба во затворени простории. Вежбите на отворено пружаат низа предности, како што е добивањето здрава доза од витаминот Д, чистење на умот и релаксација. Кремата со заштитен фактор треба да се нанесе барем 20 минути пред изложување на сонце и треба таа да биде водоотпорна, за потта да не го уништи нејзиното делување.

 

Комбинирајте го кардио тренингот со тренингот за сила

 

Кардио тренингот е супер, но на телото му трена исто така и тренинг за сила. Ако вежбате само еден вид тренинг, тоа може да делува негативно на зглобовите и мускулите. Додека старееме, полека ја губиме мускулната маса, па затоа треба да се прават комбинирани тренинзи.

 

Препорака

 

Ако трчате редовно, треба во рутината да внесете 2-3 тренинзи за сила дневно. Ако никогаш не сте изведувале вежби за сила, консултирајте се задолжително со личен тренер за да одбегнете сериозни повреди. Тренинзите може да ги комбинирате така што 30 минути ќе вежбате тренинг за сила, а 20 минути интензивен кардио тренинг. Следниот ден одморете или направете лесна прошетка.

 

Претренираност

 

Високиот интензитет на вежбање ги заморува мускулите и ја зголемува опасноста од повреди, скршеници, стрес, нарушувања на менструалниот циклус и нарушувања во исхраната.

 

Препорака

 

Не постои оптимален сразмер за одмор и вежбање. Слушајте го телото и одморете кога ќе забележите замор и недостиг на енергија. Ако мора да бидете активни, одберете полесни вежби, како јога или прошетка. Не се препорачува да се изведуваат исти вежби на секојдневна база, освен прошетки и истегнувања.

 

Препознајте ги своите граници

 

Како и во претходниот пример, ќе ја истакнеме важноста на слушање на сопственото тело. Ако ги занемарувате сигналите кои ви ги испраќа телото, можат да останат трајни последици, како истрошена рскавица или деформација, кои обично се јавуваат во зрела возраст.

 

Препорака

 

Забавете. Освен изведување вежби со полесен интензитет, битно е да се обезбеди квалитетен сон. Навечер обидете се да отспиете најмалку по 7 до 9 часа. Ако станувате рано, треба да си легнувате најдоцна до 23 часот, бидејќи во тој период организмот најдобро закрепнува. Доколку правите тренинзи со висок интензитет, во никој случај не смеете да ги прескокнувате деновите за одмор.

 

Растегнувајте се

 

Секој вид тренинг е пожелен, ако се прави умерено. Можете и неколку пати во денот да се истегнувате, бидејќи тоа не остава штетни последици на организмот. Треба да внимавате да не го истегнете мускулот или тетивата, што може да биде исклучително болно.

 

Препорака

 

Секојдневно истегнувајте се, посебно по тренингот. Пред тренингот потребно е да се направи умерено загревање и мускулите да се подготват за активностите кои следат, a по тренингот потребно е сите мускули да ги истегнувате, посебно оние кои биле најактивни.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина