Спиралата е едно од контрацептивните средтсва за кои се води најголема дебата. Додека едни тврдат дека е еден од најевтините и најлесни начини за спречување несакана бременост, други се плашат од инфекции и други компликации. Меѓутоа, стручњаците ширум светот се согласуваат дека спиралата денес е сосема безбедна, и дека сите стравови се базирани од искуствата на нашите мајки и застарените спирали коишто повеќе не се употребуваат.

Процедурата со која спиралата се става во матката трае само неколку минути, и е многу важно тоа да биде направено од страна на стручно лице. Иако студиите покажуваат дека бројот на жени кои се определуваат за овој вид на контрола на раѓањето расте, и понатаму се уште се попопуларни пилулите за контрацепција.

Се претпоставува дека главна причина за малата популарност на спиралите е стравот кај жените од инфекции и сомневањето во нивната ефикасност. Но, секоја година само една од 100 жени забременува преку спирала, а инфекциите се невозможни доколку процедурата за нејзиното вметнување се изврши стручно.

1. Денешните спирали не се исти како оние од времето на вашите мајки

Доктор Ејми Брајант, од Универзитетот во Северна Каролина, САД, вели дека пациентките најчесто и се жалат дека мајките ги предупредиле на ризикот од спиралата. Таа нагласува дека некогаш сте вметнувала во матката многу лоша влошка, која дури довела до неколку смртни случаи, но дека денес тоа е минато и дека денешните спирали се многу безбедни.

2. Нема да ви помогне со кожните проблеми

Големиот плус на антибеби пилулите е во тоа што им помагаат на многу жени кои патат од акни. Но, спиралата нема да ви помогне во тоа. Бакарните влошки не содржат хормони, па затоа нема никаква логика дека ќе влијаат на лицето. А хормонските спирали имаат многу малку хормони и тоа не е доволно за да се види некакво подобрувањеИсто така, пилулите кои најмногу и помагаат на кожата се оние кои имаат естероген и прогестерон, додека хормонските спирали имаат само прогестерон.

 

spirala1

 

3. Постојат спирали со и без хормони

На пазарот можат да се најдат спирали на база на хормони, додека оние кои се од бакар се без хормони. Хормонските спирали испуштаат мала количина хормон прогестин (синтетички прогестерон) во матката, па затоа не им се препорачуваат на оние жени кои имаат проблеми со хормоните или кои едноставно не сакаат хормонска терапија. За нив одговараат бакарните спирали, кои немаат хормони.

4. Ќе имате грчеви во стомакот

Повеќето жени добиваат грчеви во стомакот во првите 24 до 48 часа по ставањето на спиралата. Кај некои тие можат да потрајат со недели, па дури и месеци. Тоа е сосема нормално, бидејќи значи дека организмот се прилагодува на туѓото тело. Се покажало дека бакарните спирали можат да предизвикаат болни менструации ако се носат многу долго време, додека оние хормонските можат дури и да помогнат при болните циклуси.

5. Можеби ќе престанете да добивате менструација

Истражувањата покажале дека влошките во матката ги намалуваат обилните менструации кај 90% жени по неколу месеци користење. Исто така, се покажало дека кај голем број жени менструацијата исчезнала во целост. Стручњаците велат дека околу 20% од жените престануваат да добиваат менструација по една година, 50% по втората година и дури 80% жени немаат циклус по три години од ставањето спирала. За некои жени ова е добредојдена промена, додека други сметаат дека тоа сепак не е нормално.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина