Вежбање ,,на рати,,

Си мислите дека не можете да најдете половина час време дневно за вежбање? Поделете го тогаш тој половина час на три пати по 10 минути. И десетминутните вежби носат многу бенефиции колку и еден долг кондициски тренинг, утврди неодамна едно американско истражување. Независно од тоа колку сте зафатени, сигурно ќе најдете време за брза прошетка или да направите склекови или чучнувања десет минути. Покрај ползата за телото и кондицијата, тоа ќе ви помогне и да го ублажите стресот. Секако, по секое вежбање немојте да заборавите и на истегнувањето.

Кардио вежби

Се смета секоја, па и најкуса кардио вежба. Иако стручњаците по спортска медицина препорачуваат најмалку пет умерени получасовни вежбања во неделата или пет интензивни вежби од по 20 минути, признаваат дека и помал број вежби исто така носи полза. И само една или две 20-минутни до 30-минутни вежби во денот ќе ви ја оддржи кондицијата.

Вежби за сила

Направете по една вежба за сила дневно. Ако не можете да ги направите редовните целосни вежби, тогаш дигајте тегови најмалку седум дена. Едно американско истражување покажало дека оние кои претходно работеле на силата три пати во неделата ги одржале своите мускули и по ограничувањето на својата рутина на една вежба за сила на еднаш неделно во текот на осум месеци. Немате време за теретана? Снабдете се со пар тегови или ленти за тренинг на сила. Истражувањата покажуваат дека еластичните ленти овозможуваат слични резултати како и теговите.

Интервален тренинг

Ќе постигнете еднакви здравствени бенефити за кусо време ако во спринтовите во одредени интервали ги додадете и трчањето или возењето велосипед. Се покажало дека оние кои еден час и половина во денот минуваат во интервален тренинг со висок интензитет, имаат подеднакви бенефити за здравјето на своите крвни садови како и оние кои вежбаат пет часа во денот со еднаков ритам. За време на полчасовниот интервален тренинг, по првите пет минути лесно до умерено трчање или возење велосипед, зголемете го интензитетот, односно спринтајте половина минута, а потоа пак вежбајте лесно 4-5 минути. Правете така наизменично половина час.

Активно гледање телевизија

Кога седите пред телевизорот, станувајте за време на рекламите и одете во место. Вежбачите кои го правеле ова еден час, направиле 2110 чекори и согореле 80 калории, открива едно истражување.

Мислење на тренерите

Сите кондициски тренери се согласуваат дека интензивен тренинг во траење од 4 минути е одличен за намалување на поткожното масно ткиво, но и дека за да биде ефикасно треба да се спроведува од три до пет пати неделно. Овој облик на вежбање се карактеризира со периоди на напорно тренирање пратено со кратки периоди на одмор и закрепнување. Овој вид тренинг е ефикасно средство за подобрување на вашето ниво на фитнес и за согорување на вишокот телесни масти.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина