Дури и ако се исхранувате здраво и редовно вежбте, тоа нема дави биде од олема корист дококу во текот на ноќта не се наспиете како што треба. Можеби мислите дека доволно спиете, но многу научници тврдат дека начинот на кој спиеме значително влијае на тоа колку е квалитетен нашиот сон. Затоа погледнете ги овие 10 грешки и како да ги исправите за наутро да се разбудите весели и одморни.

  1. Перниците ги уотребувате само за главата

Доколку спиете на грб, ставете една перница под колената за да го намалите притисокот врз долниот дел на грбот. Од друга страна, доколку сакате да спиете на страна, ставете една перница под горната рака и една перница сместете под нозете. На овој начин на ‘рбетот ќе му овозможите најправилна позиција.

  1. Спиете на стомак

Многу луѓе сакаат да спијат на стомак, но не знаат дека тоа е многу лошо. Имено, за да можете да дишете, мора да ја свртите вашата глава на една страна и на овој начин во потполност го искривувате вратот. На долг рок, тоа може да доведе до проблеми со вратот и до главоболки. Добрата вест е дека не мора да се откажете од спиењето на стомак, туку само да го прилагодите. Раката и ногата свиткајте ги и ставете ги на истата страна на која ќе ја свртите и главата, и под раката ставете перница. Така, притисокот на вратот ќе биде помал и полесно ќе дишете.

  1. Пиете алкохол навечер

Вистина е дека алкохолот може да ви помогне да заспиете, но во исто време, алкохолот го намалува и квалитетот на самиот сон. Всушност, колку повеќе пиете, толку полошо ќе спиете и наутро ќе се будите уморни. Доколку знаете дека ќе пиете во вечерните часови, најдобро би било да започнете рано, и да го намалите внесувањето на какао како што се ближи времето за спиење.

  1. Немате одредено време за спиење

Доколку легнете во понеделник навечер во 21:00 часот, а во вторник се излежувате цел ден гледајќи телевизија, вашиот организам нема да знае кога е време да се “исклучи” во среда навечер. Ако имате одредено време во кое секој ден во исто време, ќе си легнувате и станувате, вашиот организам ќе научи кога е време за спиење. Ова значи дека будењето ќе биде помалку болно.

  1. Подолго спиете за време на викенд

Имате навика во текот на работна недела да спиете помалку, а потоа “го надокнадувате” спиењето во сабота и во недела? Научниците тврдат дека тоа баш и не оди така. Едно неодамнешно истражување покажа дека недостатокот на сон може да доведе до трајно оштетување на мозокот, па станувате помалку будни и се намалува мозочната активност. Спиењето за време на викенд тоа не може да го надокнади.

  1. Легнувате со полн стомак

Доколку вечерате помалку од три часа пред спиењето, тоа може значително да влијае на квалитетот на спиењето, бидејќи се зголемува ризикот од враќање на киселините од желудникот и проблеми со цревата, потврди едно неодамнешно истражување. Најдобро би било да вечерате најмалку три часа пред спиење, а доколку баш морате да грицкате нешто навечер, тоа нека биде нешто лесно.

  1. Спиете во положба на фетус

Една од најпопуларните положби за спиење, исто така, не е оптимална, бидејќи во оваа положба дишењето е потешко. Научниците им советуваат на луѓето кои сакаат да спијат во оваа положба, да стават една перница помеѓу нозете и една под горната рака, за малку да се поправи позицијата на ‘рбетот.

  1. Спиете на душек, кој е постар од вас

Душеците обично траат пет, а во најдобар случај десет години. Ова варира во зависност од квалитетот на самиот душек, но, исто така, и од вашата тежина и од тоа колку се превртувате во текот на ноќта. Ако вашиот душек има вдлабнување во средината, или ако вашето тело ви се свиткува во вдлабнатината кога ќе се спуштите на креветот, време е да купите нов душек.

  1. Немате ролетни во собата

Можеби звучи банално, но ролетните навистина може да влијаат на вашиот сон. Всушност, ако немате ролетни, можно е да не се наспиете добро затоа што светлината од улицата – од автомобилите, рекламите и уличните светилки – да влегуваат во вашата соба. Човечкиот организам најдобро спие во мрак, па затоа би било оптимално пред спиење да ги спуштите ролетните.

  1. Спиете со домашното милениче

Сопствениците на домашни миленичиња обично не можат да им одолеат, па често нивните миленици ги пуштаат во спалната соба. Но, студиите покажуваат дека ова не е правилно, затоа што дури и до 63 проценти од сопствениците на домашни миленичиња кои спијат заедно со нив во кревет имаат проблеми со сонот.

Тагови: сонспиење
Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.