Истражувањата покажуваат дека зелениот чај е повеќекратно корисен за здравјето, и тоа благодарение на антиоксидансите попознати како катехини. Тоа вклучува се од подобрување на помнењето, па се до спречување на појавата на рак. Меѓутоа, треба да бидете внимателни. Танините во зелениот чај можат да ја спречат апсорпцијата на не-хем железото, а тоа значи дека вашето тело ќе биде пмалку способно да добива железо од растителни извори како што се гравот, јајцата и млечнит епроизводи додека пиете зелен чај. Од друга страна, се чини дека зелениот чај нема да влијае на апсорпцијата на железо од извори како што е месото.

 

Исто така, ако имате некаква автоимуна болест (било што, од алергија и астма, па се до рак, хепатитис Б или Ц и вирусни инфекции) веројатно би требало сосема да ја прескокнете консумацијата на зелениот чај. Ако сте здрави, зелениот чај може да делува позитивно на имунолошкиот систем, но ако во вашиот организам постојат некакви нарушувања, тогаш зелениот чај само ќе ја влоши состојбата во вашето тело.

 

Не е се така црно…

 

Во повеќето случаи, здравствените полезности од зелениот чај ќе ги надминат ризиците. За почеток, зелениот чај содржи помалку кофеин од кафето, само 25-50 мг. по шолја, додека филџан кафе содржи помеѓу 95 и 200 мг. кофеин. Секако, ако пиете многу зелен чај, овие количини можат да се зголемат.

 

Затоа ограничете ја консумацијата на по 4 шолји дневно – оваа количина може да ви помогне да ги загубите вишокот килограми, не содржи премногу кофеин и не би требало да делува негативно на апсорпцијата на железо во вашиот организам. За да добиете најмногу од зелениот чај, не го пијте на празен желудник – тоа ќе помогне за апсорпцијата на корисните антиоксиданси.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина