kinesiology-tape
Што е кинези лента?

Кинези лента е еластична лента која има лонгитудинално истегнување, а може да се користи терапевтски, но и за подобрување на перформансите. Таа е направена од памук аплициран врз еластични влакна; што овозможува кожата да дише, да биде флексибилна, а со степенот на еластичност лентата ја имитира кожата. Д-р Кензо Kaсe првобитно ја развил во 1970-тите, бидејќи не бил задоволен од лентите кои биле на располагање на пазарот (само крута лента за мускули и друга лента која имала три-димензионално истегнување).

Какви се бенефиции пружа кинези лента ?

Кинези лента обезбедува невросензитивни повратни информации, така што нема повеќе да чувствувате болка / непријатност во толкава мера или пак воопшто, што потоа помага да се активира нервно мускуларен одговор и активација на мускулите. Што се однесува до спортовите, може да помогне да се олесни мускулната контракција / издржливост.

kinezioloska-lenta_1

 

Како кинези лента помага за рехабилитација после повреда?

Кинези лента може да помогне преку движење на течностите бидејќи еластичната површина на лентата “ја поткрева” кожата, со што се зголемува просторот одоздола за да се овозможи лимфна дренажа. Вашиот лимфен систем е систем кој помага за движење на течностите во телото. Лимфниот систем е сместен веднаш под кожата, па кога ќе ја ставите лентата на повреденото место, таа помага да се ослободи местото од отокот. Зголемената лимфна дренажа помага преку побрзо исцелување на ткивата, што помага да се забрза процесот на лекување. Можете да ја носите и под туш и додека спиете, па ви обезбедува терапевтски третман 24/7.

Кога би можело да ја применам кинези лентата како третман?

Кинезио лентата можете да ја употребите веднаш откако ќе почувствувате болка, бидејќи болката е перцепција од стимулот кој му кажува на мозокот веднаш да започне или со процесот на исцелување или да се заштити себеси, па со тоа ќе се намали интензитетот на воспалителната низа на настани. Кинези лентата може да ја употребите пред да употребите мраз. Ако ставите мраз и потоа ја ставите лентата, лепакот од лепилото на лентата нема да се залепи добро на кожата, па ќе треба да го загреете лепакот за да го активирате, а со тоа и се штети на ладната терапија, бидејќи ќе мора да го “загревате” лепакот за да ја активирате лентата.

Каде може да се залепи лентата?

Лентата може да се залепи секаде каде што нема многу влакна на телото и каде што може да се придржува до кожата. За да ја нанесете, најдобро е да отидете кај здравствен специјалист (како на пример физиотерапевт) кој има поминато обука за кинези лента. Вообичаено стандардната ролна се сече според намерите и потребите на специфичните клиенти. Исто така, постојат верзии за одредени делови од телото. Можете да ги купите и преку користење на упатствата за нивно нанесување, сами да си ги залепите лентите.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.