Ривалството помеѓу кафето и чајот веројатно е едно од најжешките во светот на пијалоците. Секој вистински љубител на кафе ќе каже дека кафето е многу повкусно од чајот (содржи повеќе од 1000 различни компоненти на вкусови, додека црниот чај содржи само 400), но вкусот не кажува многу за бенефитите кои овие пијалоци го имаат врз здравјето. Затоа прочитајте ги следниве пет медицински причини според кои кафето е всушност поздраво од својот горчилв ривал – чајот.

Кафето спречува депресија и можност за самоубиство

Неретко слушаме како луѓето велат дека би умреле без филзан кафе, но тоа претерувае се повеќе добива на важност. Имено, научно е докажано дека кафето го намалува нивото на стрес и депресија, а дури и одењето во кафулиња дава многу важен аспект на социјализацијата и заедништвото. Од друга страна, шолја чај често се поврзува со тишина, осаменост и задлабоченост во сопствените мисли.

Опуштање на цревата има неочекувани полезности

На сите ни е познато дека кафето може поволно да делува на варењето, но малку се зборува за науката која стои зад тоа. Кафето всушност содржи висока концентрација на хлорогенска киселина, која го забрзува варењето, а еден од најголемите бенефити е намалувањето на шансите за добивање рак на дебелото црево.

Кафето може да ја зголеми отпорноста на рак на црниот дроб (со зголемување на нивото на железо во крвта)

При умерено консумирање, полифенолите од кафето се поврзуваат во железо. Освен против ракот, кафето исто така се бори и против други болести на црниот дроб, како што се цирозата, хепатитот Ц и (неалкохолен) замастен црн дроб, а помага и во забавување на ефектите од алкохолизмот. Од друга страна, иако се спроведувани некои истражувања за влијанието на чајот врз црниот дроб, досега ниту едно не дало конечен одговор.

 

Тагови: кафечај
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина