Големи стапала, голем пенис

Многу луѓе мислат дека врз основа на големината на стапалата, дланките или носот може да ја одредат големината на машкиот пенис. Во науката, постои објаснување за оваа повзрзаност, а тоа се нарекува “Хокс” ген. Тој игра важна улога во развојот на прстите, пенисот и клиторисот кај жените. Ако овој ген ја контролира големината на овие делови од телото, тогаш, исто така, може да влијае и на пенисот, зар не ?
Всушност, не постои сигурен доказ дека мажите кои имаат големи стапала имаат и голем пенис. Во едно истражување во кое биле вклучени 63 мажи пронајдена е мала корелација помеѓу големината на пенисот и стапалата, како и големината на пенисот и висината.
Во една друга студија, кај дури 104 од 200 мажи, не е утврдена никаква корелација помеѓу овие две вредности. Заклучок? Погледнете во нозете на потенцијалниот партнер, но само за да дознаете каков вид на чевли му се допаѓаат.

Мажите го достигнуваат својот сексуален врв на 18 година, а жените на 28

Тврдењето дека мажите го достигнуваат својот сексуален врв на 18 години, а жените на 28-годишна возраст е толку често споменувано и е многу можно дека е точна. Но, дали постои научен доказ за ова? Секако, нивото на тестостерон кај мажите го достигнува својот максимум на 18 години, додека кај жените нивото на естроген го достигнува својот врв во средината на дваесетите години. Со оглед на тоа дека нивото на хормони се поврзува со сексуалната желба, ова тврдење би можело да биде точно.
Ако се мисли и на зачестеноста на сексот, сингл мажите во нивните триесетти години имаат секс во просек 4-5 пати неделно, а кај мажите кои имаат партнерка оваа иста количина на секс се случува дури по 40-тата година. Кај сингл жените, честиот секс е можен во доцните дваесетти години. Така, сексуалната желба постојано се менува и на неа влијаат многу фактори, а не само на годините.

Сексот ви помага да ослабнете

Звучи возможно, но само ако имате секс речиси секој ден, и ако тоа трае подолго од просечниот однос (5 минути). Сексот се смета за лесна до умерена физичка активност, и за време на оваа активност може да се потрошат помеѓу 25 до 125 калории, така што ова тврдење е сосема неточно.

Мажите мислат на секс на секои 7 секунди

Тврдењето дека мажите на секои седум секунди помислуваат за секс би значело дека тие помислуваат на секс повеќе од 6.000 пати дневно, речиси секој пат кога ќе земат здив. Ова не само што потполно би ги излудело луѓето, туку и не би биле во можност да прават ништо друго освен да размислуваат за секс. Сепак, вистина е дека мажите мислат на секс почесто отколку жените.
Во една студија, речиси половина од испитаните мажи се изјасниле дека на секс помислуваат неколку пати дневно, додека тоа го изјавиле само 19 отсто од жените. Сепак, другата половина од мажите рекле дека не мислат на секс секој ден, што потврдува дека стереотипите поврзани со нив не се вистинити.

mitovi_2

Школките се афродизијак

Уште пред илјада години луѓето верувале дека одредени намирници се афродизијаци. Ова верување потекнува уште од грчката митологија, каде се тврди дека божицата на љубовта, Афродита, се родила од школка. Исто така, Казанова, наводно секое утро јадел 50 школки за да ги издржи своите секојдневни авантури.
Но, ниту едно истражување не го утврдило ефектот на школките ниту било која друга храна врз сексуалната желба. Единственото нешто што го содржат школките во својот состав се јаглехидрати, минерали и вода. Школките содржат и мала количина на цинк, кој е потребен за спермата да биде здрава и функционална, но тоа не значи дека може да го претвори мажот во секси ѕвер.
Исто така, и темното чоколадо се смета за афродизијак, а тоа својство кај оваа намирница може да се оправда со големата количина на антиоксиданси, како и поттикнувањето на излачувањето на серотонин, хормонот на среќата. Покрај тоа, какаото влијае и на проширувањето на крвните садови кои се неопходни за мажота да има ерекција, но повторно, не е доволно само по себе, некој што изел темно чоколадо да се претвори во сексуален звер.

Сексот не е добар за оние со слабо срце

Секој знае некоја страшна приказна за луѓе кои умреле од срцев удар за време на сексот. Иако ова може да биде причина за страв кај оние кои имаат семејна историја на срцеви заболувања, шансите да добиете инфаркт за време на сексот се многу мали. Мажот кој нема дијабетес и не пуши, има една наспрема милион шанси тоа да му се случи. Вистината е дека повеќето луѓе, иако тие не мислат така, за време на сексот всушност и не се уморуваат толку многу, како што би се умориле во текот на еден кондиционен тренинг, на пример. Заморувањето за време на сексот може да се спореди со 10 минутно одење по скали, со прескокнување на една скала. Затоа, ова тврдење воопшто не треба да биде причина за страв.

Пилулите ќе предизвикаат да се здебелите

Речиси сите лекови имаат некои несакани ефекти, но постои мит дека пилулитеза контрацепција предизвикуваат брзо зголемување на телесната тежина. Ова било вистина само кога првобитните пилули имале високо ниво на естроген и прогестин, синтетички прогестерон, кој можел да влијае на тежината. Сепак, денешните пилули имаат далеку пониски нивоа на хормони и не постои научен доказ дека ова е точно.

Тестисите се опуштаат со текот на годините

Повеќето мажи мислат дека ова е точно, но иако репродуктивниот систем на мажите се менува со текот на годините (произведува помалку сперма, сперматозоидите се побавни и помалку плодни), тестисите не се опуштаат туку така. Тие само се намалуваат, бидејќи дејствуваат поопуштено бидејќи полека се полнат со сперма. Мускулот кој ја придржува кожата во овој предел е функционален целиот живот, така што е многу малку веројатно токму поради него тестисите да почнат да се опуштаат со текот на годините.

Не е добро да се има секс пред занимавањето со некој спорт

Многу спортисти немаат секс ноќта пред натпреварот, бидејќи тоа наводно ќе предизвика да имаат помалку енергија и да бидат помалку агресивни и концентрирани. Сепак, науката тврди дека заради реакциите во телото после сексот, би било подобро спортистите да имаат секс пред натпреварот. Во една студија, спортистите имале повисоко ниво на тестостерон еден ден после сексот, отколку оние кои воопшто не го имале.