Дебелината е епидемија на 21 век, а научниците се повеќе се свртуваат кон научната теорија дека една од причините за дебелина се разните хемиски соединенија кои се двигатели на ендокрините нарушувања, а се наоѓаат насекаде околу нас. Бисфенолот А, но и другите хемиски соединенија кои негативно влијаат на нас, можат да се најдат во слатките, конзервите, водата која ја пиеме, храната која ја јадеме и козметиката која ја користиме. Никогаш намерата не била овие хемиски соединенија да се најдат во човековото тело, но нивното влијание е тука и е видливо сериозно.

Денес, научниците ги прошируваат своите полиња на истражување од животните на луѓето со цел да ја тестираат теоријата дека изложеноста на од човекот создадените хемикалии е клучна причина за глобалната епидемија на дебелеење. Можеби звучи неверојатно, но идејата дека хемикалиите од околината не прават деели, не е воопшто нова. Веќе со векови разни научници ги тестираат хемикалиите и се чини се пореално пластичните пакувања во кои ја чуваме храната или лименките од кои пиеме газирани пијалоци навистина да испуштаат хемикалии кои влијаат на создавањето масно ткиво.

Ова се хемиските калории за кои не сме свесни дека ги внесуваме во телото:

 

Бисфенол A (БПА) – хемиско соединение кое го имитира естрогенот, кој најмногу се користи за изработка на поликарбонантна пластика, но и на полимери, фунгициди, антиоксиданси, бои и смола.

Органохлориди – докажано е дека високите дози на органохлориди ја менуваат работата на метаболизмот (го забавуваат) и влијаат на задржување на маснотиите во телото.

Органофосфати – клучен дел се од многу инсектициди, хербициди и нервни агенсиОрганофосфатните пестициди, како што се малатионот, дурсбанот, диазинонот и карбонатите, се дел од 40% од сите пестициди кои се употребуваат.

Фталати органски хемиски соединенија на фталатната киселина и на алифатските алкохоли, кои се познати како пластификатори или омекнувачи со цел подобрување на свитливоста на различни видови пластика. Ги наоѓаме во подзмените води, реките и плитката вода, во месото и млечните производи. Околу 95% од производството на фталатите во последните неколку десетлетија е поврзано со ПВЦ индустријата.

Полибромирани ретарданти – се додаваат во разни производи, вклучувајќи ги компјутерите и телевизорите. Исто така ги има и во детските душеци, автоседиштата и ПВЦ прозорците. Делуваат многу лошо на штитната жлезда.

Карбамати – ги вклучуваат алдикарб, бендиокарб, карбарил, пропуксор и тиофанат метил. Во голема мерка се користат во земјоделството, шумарството и лозарството. Научниците сметаат дека имаат влијание врз разни хормонски нарушувања.

Бензо(a)пирен – чест загадувач на храната, припаѓа на семејството на хемикалии познати како полициклични ароматски јаглеводороди. Потекнува од катранот и влегува во атмосферата како резултат на нецелосно согорување на фосилните огрива. Докажано е дека кај животните предизвикува дебелеење без постоење на некаква промена на исхраната.

Растворувачи се невротоксични хемикалии во кои спаѓаат ксиленот, дихлоробензенот, етилфенолот, толуенот, ацетонот и трихлоретанот, а можат да се најдат во примероци на крв од луѓето. Се користат во многубројни индустриски процеси, a составен дел се на лепилата, средствата за чистење, машините за перење, парфемите, лаковите, пестицидите, бензинот и восокот.

Кадмиум – најчесто го среќаваме како заштитен премаз за челик, како составен дел на голем број легури и во фосфатните ѓубрива, фунгицидите и пестицидите. Од земјата растенијата го впиваат кадмиумот и тој се дистрибуира во листовите кои се јадат, (како на пример спанаќот и блитвата), семките и плодовите. По пат на исхраната се внесува во организмот. Тој е невротоксичен и потенцијален хормонски прекинувач.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина