Според студиите, на женското тело постојат седум ерогени зони, но точниот список за секој од половите останува неистражен докрај. Познавањето на овие ,,жешки точки,, е плус и за двата партнера и исто така може да го подобри и сексуалното здравје, а некои истражувања покажуваат дека стимулирањето на овие точки може да доведе до различни реакции во организмот. На пример, допирањето на вагината го ослободува хормонот пролактин, кој создава добро чувство, додека цервиксот може да биде вклучен во контролата на напнатоста на мускулите за време на сексот.

Да погледнеме каде се наоѓаат ерогените зони кај жените, а каде кај мажите.

Ерогени зони на женското тело се:

1. Клиторис

Овој дел од телото носи најголемо сексуално возбудување. Истражувањата покажуваат дека стимулирањето на клиторисот е најбрзиот и најлесен начин за многу жени да доживеат оргазам.

2. Вагина

Уште е позната и какоГточкана сексуалното задоволство. Истражувачите се значително сигурни дека оваа точка не ни постои, но во нејзината внатрешност има многу нервни завршетоци, па жените тврдат дека длабоката стимулација ги доведува до поинтензивен оргазам.

3. Грло на матката

Грлото на матката, кое се наоѓа на долниот дел од крајот на матката, има свои нервни патишта. Всушност, некои истражувања покажуваат дека вагината, клиторисот и грлото на матката реагираат одделно и на изразито сексуални стимуланси.

4. Усни

Неодамнешните истражувања покажуваат дека бакнувањето е важно за градење на односот во однос на сексуалното возбудување. Некои од нив покажуваат и дека жените ги рангираат усните како високо ерогено подрачје.

5. Врат

Тилот и задниот дел од вратот се меѓу првите 10 ерогени зони. Вратот е многу чувствителен на допир, посебно кај луѓето со ниска содржина на телесни масти.

6. Гради и брадавици

Градите играат важна улога во сексуалното возбудување. Се покажало дека со стимулирање на брадавиците реагира истовремено истиот регион од мозокот кој ги обработува сензациите од клиторисот и вагината.

7. Уши

Ушите се супер чувствителни на допир, веројатно поради големиот број нервни завршетоци. Иако науката се уште нема докажано зошто се ерогена зона, сепак тие се навистина една од најдобрите ерогени зони.

 

erogeni2

 

Ерогени зони на машкото тело се:

1. Пенис

Научните експерименти покажале дека стимулацијата на пенисот значително придонесува за сексуалното задоволство.

2. Уста

Машките усни се многу чувствителни на лесен допир, температура или притисок. Бакнувањето предизвикува ослободување на хормонот окситоцин,кој е уште познат како ,,хормон на љубовта,,.

3. Скротум

После пенисот и усните, на третото место се наоѓа скротумот. Скротумот е најзначајната ерогена зона кај мажите. Содржи многу нерви, што значи дека е супер чувствителна на допир.

4. Врат

Исто како жените, и мажите исто така го сметаат вратот за поважна ерогена зона. Тој е чувствителен на ниски фрекфенции од вибрации и затоа претставува одлично место за нежни еротски допири.

5. Брадавици

Кај мажите, брадавиците се сметаат за ,,жешко место,,. Полни со многу нервни завршетоци, тие се вистински ерогени зони за целосно задоволство.

6. Перинеум

Перинеумот (делот помеѓу анусот и скротумот) е закачен до перинеалните нерви, кои помагаат да се пренесе чувството на сексуално задоволство од гениталиите до мозокот. Кажано со други зборови, ако не сте запознаени со овој дел, можеби е време да почнете да го запознавате.

7. Уши

Ушите се чувствителни на допир поради големиот број сетилни рецептори на кожата. Рангирани се како ерогена зона која има улога да им помогне на мажите побрзо да постигнат оргазам кога ќе се допрат или кога ќе бидат стимулирани на поинаков начин.

8. Простата

Дали сте знаеле дека простатата може да биде извор на невидени уживања? Оваа жлезда во облик на орев е сместена покрај самата уретра и честопати ја нарекуваат ,,Г-точка,,. Таа има функција да лачи течност која е дел од семената течност, а кога се стимулира, ова топче полно со нервни завршетоци може да предизвика силен бран од страсти.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина