Сите ние ги обожаваме минералните пијалоци, кои се подобра замена за лошите газирани сокови. Поради нив, секој коктел има подобар вкус. И, колку се само освежителни! Но, од неодамна, сите зборуваат за тоа дека минералната вода ги прави коските да бидат покршливи, а забите послаби. Па, дали е тоа навистина така?

Не, не им штети на забите

Ова е мит. Карбонската киселина, поради која водата е пенлива, е навистина кисела, но доколку пиете обична минерална вода (без додатоци) и, секако, во умерени количини, забите нема да почувствуваат никаква разлика. Но, ако сте се уште загрижени, користете паста за заби со флуор, со која ќе ги зајакнете.

Ќе се чувствувате надуено

Ако размислите за тоа, карбонизацијата е дополнителен воздух кој го внесувате во себе, а кој сигурно ќе ве надуе.

Нема да ви зададе никакви дополнителни проблеми со желудникот

Иако оние со чувствителен желудник и лошо варење и инаку треба да внимаваат при консумирањето на минерални пијалоци, тие не задаваат никакви други проблеми со желудникот. Доведува до запек? Не. Минералната вода и понатаму е вода, што значи дека добро влијае на варењето.

Нема да им штети на коските

Карбонизацијата не му штети на калциумот во коските. Овој мит се има појавено поради истражувањата кои покажале дека кока-колата и штети на цврстината на коските но, тоа е кока-кола, не е минерална вода. Голема е разликата!

Заклучок: и понатаму хидратизира

Газираната вода никогаш не треба да биде замена за обичната вода. Но, таа е добра алтернатива за речиси сите други пијалоци и сокови. Содржи малку калории и нема никакви додадени шеќери.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина