Во голем број натписи кои се однесуваат на здравјето се провлекуваат тврдења и совети од типот: „јајцата се лоши за здравјето, треба да се пијат по 8 чаши вода на ден, антиперспирантите предизвикуваат рак, шеќерот ги прави децата депресивни,, и сл. Но, дали е навистина така?

Треба да се пијат по 8 чаши вода на ден.

Не е потребно да ги броите чашите вода. Стручњаците велат дека оние кои пијат вода тогаш кога се жедни внесуваат доволно течности за да останат здрави и хидрирани. Намирниците богати со вода, како што се супите, овошјето и зеленчукот, соковите и растителните чаеви истотака го задоволуваат чувството на жед. Но, доколку урината ви е со темножолта боја, а не пиете вода редовно, ако сте многу активни или живеете во топла клима – тоа покажува дека треба да се пие повеќе вода.

Јајцата се лоши за здравјето.

Едно до две јајца дневно не го зголемува ризикот од срцеви болести кај здравите луѓе. Да, жолчката содржи холестерол, но за повеќето луѓе таа количина ни од далеку не толку лоша, како што е комбинацијата од масти и разни други видови храна која се консумира во текот на денот (како на пример печива од пекарница, кои се полни со транс масти). Покрај тоа, јајцата содржат и важни нутритиенти, како што се омега-3 масните киселини, кои можат да го намалат ризикот од срцеви заболувања, но и пептиди, за кои се има покажано дека придонесуваат за намалување на крвниот притисок.

Антиперспирантите предизвикуваат рак на дојката.

Тоа не е докажано, иако некои научици мислат дека хемикалиите од антиперспирантите и дезодорансите може да ги апсорбира кожата под пазувите. Нивната идеја е дека тие хемикалии се задржуваат во ткивото на дојките и го зголемуваат ризикот од тумор. Меѓутоа, Националниот институт за рак на САД вели дека не постојат докази кои можат било кои од овие производи да ги поврзат со ракот на дојката.

Појадувајте за да ослабнете.

Појадокот им помага на некои луѓе да ослабнат. Тој може да спречи глад и претерано грицкање (на обично нездрави) гриски во текот на денот. А ако не сакате да појадувате, сепак можете да ослабнете. Истражувањето на Корнел универзитетот открило дека оние кои не појадуваат, а кои не се прејадуваат за време на ручекот и вечерата, внесуваат околу 400 калории помалку во текот на денот. Значи, и прескокнувањето на појадокот може да им помогне на некои здрави луѓе да ослабнат и да намалат некој вишок килограм.

Зелена слуз значи инфекција.

Истражувањата покажуваат дека зелената или жолтата слуз почесто се јавува кај некои бактериски инфекции, но тоа не е сигурен знак дека некој има инфекција или дека му се потребни антибиотици. Инфекцијата на синуси може да помине со бистра слуз, а една обична (вирусна) настинка може да биде проследена со зелена слуз.

Шеќерот ги прави децата хиперактивни.

Можеби шеќерот не е добра храна за децата, но слатките сигурно не предизвикуваат хиперактивност или недостиг на концентрација. Бидејќи многу родители веруваат дека тука постои некоја тајна врска и очекуваат децата да се однесуваат лошо кога јадат премногу слатки, треба да се следи ситуацијата, за да се види дали тоа навистина и се случува.

ВЦ – шолјата е извор на зараза.

Неточно! Многу повалкани од неа се кваките, вратата од бањата и подовите – полни се со бактерии алик на Ешерихија коли, норовисруси кои предизвикуваат ,,стомачен грип,, и сл. Подобро рацете да си ги покриете со тоалет кога ја отворате вратата од бањата, отколку со неа да ја покривате ВЦ-шолјата.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина