Додека Американскиот колеџ по акушерство и гинекологија (ACOG) вели дека е во ред да се вежба во блажена состојба, Мајк Цацковиц, доктор на Универзитетот Векснер од Охајо, САД, вели не е баш добра идеја да се обидувате активно да губите тежина кога носите бебе во стомакот и дека жените се поттикнуваат да се поправат малку за време на бременоста. Оние жени кои имаат ,,нормаленБМИ можат да се поправат од 13 до 18 килограми, оние кои имаат малку поголема телесна тежина од 7 до 18 килограми, а оние кои се премногу дебели – од 6 до 10 килограми.

Ако сте со голема или со многу поголема телесна тежина

Дебелината го зголемува кај трудниците ризикот од пометнување, мртвородено дете и различни здравствени компликации поврзани со породувањето, како на пример прееклампсија. Дури и ако БМИ е над нормалното ниво за жени, сепак не е во ред трудниците активно да се трудат да загубат од вишокот килограми со следење рестриктивна диета. Тоа е затоа што кога телото ви оди во прегладнета состојба,” (што и се случува кога премногу ги намалувате калориите), тоа создава кетони, кои не снабдуваат со енергија кога не консумираме доволно калории. Но, тие кетони, кои се поврзани со оштетувањето на мозокот кај бебињата, можат да ја поминат плацентната бариера и да стигнат до фетусот.

“Ние го лимитираме трупањето на килограмите кај жените кои се премногу дебели, но никогаш не поддржуваме слабеење,” вели Шери Рос, гинеколог и експерт за здравје на жените од Сент Џон здравствениот центар од Санта Моника, Калифорнија.

Сепак, оние кои се дебели можат малку да ослабнат за време на бременоста преку следење на поздрава и понутритивна диета, вели таа. Дебелите жени кои јадат многу повеќе здрава храна за време на бременоста тешко ќе се поправат во овој период.

Дебелите и премногу дебелите жени кај кои е дијагностициран гестациски дијабетес, форма на висок шеќер во крвта кој ги напаѓа трудниците, исто така може да бидат ставени на строга диета од страна на нивниот доктор за да ги намалат нивоата на шеќер. Ова исто така може да доведе до губење на килограмите.

Ако припаѓате во границите на овој БМИ и сакате да ги намалите ризиците од разни труднички компликации поврзани си тежината, најдобро е да разговарате со својот гинеколог пред да направите било какви големи промени во својата диета или план на вежбање за време на бременоста

Ако сте предебели

 

Доколку се обидувате активно да ослабнете откако ќе забремените, тогаш тоа е аларм дека можеби патите од нарушување во исхраната. Во бременоста се очекува да се поправите, но не се очекува да ослабнете. Разговарајте со својот гинеколог за вашата загриженост – тој или таа ќе ви помогнат да ги решите или можеби ќе ве упатат на специјалист кој ќе може да ви помогне.

Оние кои се зависници од фитнес и кои сакаат едноставни труднички ,,стомачни,,, подобро е да воведат некои здрави промени пред да забременат и да продолжат со тој здрав начин на живот по породувањето.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина