Ако не сте оние типови кои религиозно после секој тренинг консумираат протеински шејк, ќе биде тешко да го искористите тоа големо пакување пред да му истече рокот. Иако признаваме дека користиме млеко на кое рокот за употреба испишан на пакувањето му поминал неколку дена (секако, откако ќе натераме некого прво да го проба) дали истото се однесува и за протеинот?

Роберт Вилдман, доктор и главен нутриционист во Premier Protein, вели дека може.

 

Тој вели дека со оглед на тоа што протеините во прав се во сува состојба, постои незначителен ризик за развивање бактерии или за негово расипување. Датумот на рокот на употреба обично е една година или повеќе, но по толкав долг период интензитетот на вкусовите може да почне да бледее. Се уште е безбедно да се консумира, но тогаш е подобро да почнете да готвите со него.Вилдман обожава да го додава во палачинки, мафини, смути, па дури и во својата омилена овесна каша. За да го зачувате колку што можете подолго својот протеин во прав, чувајте го на студено и суво место, како што е шпајзот. И, држете го подалеку од фрижидерот; топлината и влажноста можат да доведат побрзо да се расипе. Доколку планирате да го користите по рокот, земете малку и измешајте го во вода. Помирисајте го и вкусете го. Ако ви замириса непријатно, верувајте му на својот нос и фрлете го. Вилдман исто така препорачува да го фрлите секој протеин во прав откако ќе му помине една година од датумот на производство – за секој случај.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина