Идејата дека со ,,волшебно стапче,, можат да се избришат соте висококалорични (и алкохолни) гревови секако звучи примамливо. Сепак, не треба толку лесно да се препуштате на ветувањата за детоксикација кои стануваат се погласни во моќната велнес индустрија. Пред да исцедите уште еден сок од неколку килограми овошје и зеленчук, или да појдете во некоја клиника за иригација на цревата, треба да знаете дека процесот на детоксикација на организмот се извршува сосема сам, со или без сите тие ,,помагала,,.

Постојат два вида на детоксикација. Едниот е оправдан, а другиот не е. Првиот е медицинско лекување на болни од зависност од наркотици, која им го загрозува животот, а вториот збор го користат шарлатаните и трговците кои сакаат да ни продадат третман со кој божем може да се детоксицира телото од натрупаните отрови. Ако отровите навистина би се трупале така во нашето тело на начин на кој не можат да се исфрлат, ние би биле мртви или би ни била потребна сериозна медицинска интервенција.

 

Здравото тело има бубези, црн дроб, кожа, дури и бели дробови кои ги отстрануваат токсините од нас. Не постои познат начин, сигурно не оној кој го претставуваат продавачите на детокс третманите, за нешто кое функционира совршено во здраво тело, да работи уште подобро.

Обично не се наведува за какви токсини се работи. Кога некој би ги именувал, тие ќе можат да бидат мерени пред и по третманот, со цел да се тестира нивната ефикасност. Така, научниците во 2009 година ги контактирале производителите на 15 производи ко исе продавале по аптеките и супермаркетите под етикетата ,,детокс,, и побарале тврдења за тоа од нивна страна. Ниеден од нив не успеал да дефинира што подразбира под поимот детоксикација, а камоли под токсините. Сепак, полиците на продавниците за здрава храна и супермаркетите се преполни со ,,чудотворни,, тиктури, чаеви, маски за лице, сол за капење, шампони и таблети.

Тука се и диетите за детоксикација, како што се оние да се мијат цревата. Заговорниците на овие диети тврдат дека во колонот се задржуваат наслаги од изметот со месеци, дури и години, поради што токсините постојано се враќаат во крвотокот.

Иако идејата за намалување на консумирањето алкохол е секако добра и полезна за здравјето, не постојат третмани кои ќе не заштитат од последиците од опивање.
Црниот дроб го разложува алкохолот во двостепен процес. Неговите ензими прво го претвораат во ацеталдехид, многу токсична супстанција која ги оштетува клетките на црниот дроб. Потоа во истиот миг се претвора во јаглерод диоскид и вода, а потоа се исфрла од организмот.

Претерувањето со алкохол може да ги оптовари системите за лачење на ензимите и да доведе до натрупување на ацеталдехидот и до оштетување на клетките на црниот дроб. Но, умереното и повремено консумирање на алкохол нема да доведе до тоа.

Ниту храната не е поштедена од митот за детоксикација, па на некои намирици им се припишуваат чудесни својства. Една од нив е брокулата. Таа како и сите зеленчуци од нејзиниот вид содржат цијанид. Секоја консумација, исто како и алкохолот, го тера црниот дроб да се справува со отровите.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина