Дали цедените сокови се навистина здрави?
Специјалистите за дијабетес предупредуваат дека еден портокал може да содржи 45 калории, но дека една чаша сок од портокали од два децилитри содржи 110 калории, а фрапе од кељ, банани и портокали има повеќе од 600 калории.
Честопати среќаваме пациенти кои веруваат дека цедените сокови се здрави. Родителите на малите деца веруваат дека соковите се здрави колку и овошјето. Всушност сокот за кој се тврди дека е 100% од овошје е само малку подобар од зашеќерена вода – наведуваат тие во својот текст за британското списание Indipendent.
– Не убедуваат дека овие сокови се здрави, тие се во теретаните, спа центрите и продавниците за здрава храна. Им се препорачуваат на децата и на трудниците. Индустријата за сокови е пресреќна поради тоа. Вистината е всушност сосема поинаква: земаме здрави производи – овошје и од нив правиме нешто нездраво – предупредуваат овие стручњаци за дијабетес.
Со цедење на овошјето се губат најздравите состојки
Првата стапица е дека, ако е овошјето здраво, дека е здрав и сокот од тоа овошје, но всушност ние некои најздрави состојки од овошјето ги оставаме, како што е кората на јаболките, семето од малините, мембраната која ги држи деловите на портокалите и сл. Сето тоа е здраво. Во нив има влакна, антиоксиданси, фитонутритиенти, витамини и минерали, а сето тоа е добро за нас. Влакната ја забавуваат апсорпцијата на шеќерот, а штом ќе се наруши регулацијата на инсулинот во крвта, доаѓа до дијабетес, се наведува во текстот.
Од друга страна, на овој начин се внесуваат многу повеќе калории, додека едно овошје, на пример портокалот, има 45 калории, една чаша сок има 110 калории. Од друга страна, сите овие калории ги внесувате, а не се заситувате и многу брзо ќе посегнете за нова храна и нови калории. А кога ќе изедете едно овошје, тоа не е случај, тоа ве заситува. За да ја промениме оваа лоша навика, треба да се започне од децата. Затоа што оние деца кои пијат сокови се пониски и подебели од оние деца кои не ги пијат. Се претпоставува дека тоа е поради тоа што кога ги пијат консумираат помалку млеко и други корисни намирници кои им се потребни за раст. А сокот воопшто не им е потребен!
Затоа, соковите заменете ги со свеж зеленчук, бидејќи соковите не се поздравата опција.