Овој додаток ги подига нивоата на тестостерон и го поттикнува дефинирањето на мускулите. Уште попознат и како Ѓаволски трн, Бабиниот заб е еден од најшироко распространетите производи кои се користат во фитнесот и бодибилдингот низ светот. Сепак, некои тврдат дека е бескорисен. Па, што е вистина, а што мит?

 

Што е Tribulus Terrestris?

 

Tribulus Terrestris или Бабин заб е растение кое расте ширум светот. Често се користи во спортските додатоци поради неговите својства да го зголемува тестостеронот. Безброј истражувања покажуваат дека оваа билка природно ги зголемува нивоата на тестостерон во организмот, ја зголемува сексуалната моќ и го поддржува здравјето на кариоваскулаторниот систем. Покрај тоа, исто така може и да ја подобри циркулацијата и да помогне во лекувањето на неплодност.

 

Tribulus_terrestris

 

Бабиниот заб е достапен како додаток во исхраната. Не е безбедно да се јаде неговиот плод. Секој производител одбира различна количина Tribulus Terrestris, па затоа некои од производите функционираат подобро од некои други. Иако ги зголемува нивоата на тестостерон, неговите својства се покажуваат како специфични во поглед на дозирањето. Доза од 85 до 250 мг. три пати на ден е чини дека е сосема доволна кај повеќето луѓе. Несаканите ефекти се минимални и вклучуваат мало забрзано срцебиење, немир и проблеми со спиењето. Жените кои земаат Tribulus Terrestris можат да имаат неправилни менструални циклуси.

 

Здравствени придобивки

 

Оваа традиционална кинеска билка го поддржува растот и обновувањето на мускулите, ја зголемува силата и ја зголемува физичката издржливост. Се користи и за поттикнување на сексуалната желба како кај мажите, така и кај жените. Многу спортисти тврдат дека оваа билка е многу побезбедна алтернатива за анаболичките хормони. Не само што ја зголемува мускулната маса, туку исто така може да помогне и во лекувањето на сексуалните дисфункции и намаленото либидо. Другите придобивки од Бабиниот заб вклучуваат:

 

  • Ги зголемува нивоата на хормонот DHEA (Дехидроепиандростерон)
  • Има силни анаболитички ефекти
  • Ја намалува абдоминалната дилатација
  • Лекува сексуална импотенција
  • Ги подобрува спортските перформанси
  • Го засилува либидото
  • Ја зголемува мускулната маса
  • Дава поголема сила
  • Помага во намалување на телесните масти
  • Го подобрува телесниот состав
  • Го чува здравјето на бубрезите
  • Ја зголемува сексуалната желба
  • Ги зголемува енергетските нивоа
  • Го поттикнува апетитот
  • Го намалува заморот во мускулите

Покрај тоа, ова растение се користи и против болки во зглобовите, главоболки, болести на црниот дроб, висок холестерол и дигестивни проблеми. Истражувањата кои се во тек тврдат дека одлично може да се користи за лекување на егзема, кашлица, анемија, еректилна дисфункција и болки во градите. Поради своите диуретски својства, помага во намалување на задржувањето на течности во организмот.

Но, внимавајте, Бабиниот заб не е чудотворен лек. Тој нема да ја замени избалансираната исхрана и е речиси бескорисен за напреднатите бодибилдери и оние кои вежбаат веќе со години. Ако сте, пак, почетник, тогаш може ќе ви помогне за да се зајакнете и да станете поиздржливи. Можеби ќе забележите и зголемување на нивоата на тестостерон, но не очекувајте никакви драматични резултати.

И жените можат да го користат Бабиниот заб. Неговите ефикасности се индивидуални и зависат од човек до човек и од производител до производител. Ако користите најевтин производ, ќе добиете многу малку или никакви ефекти. При одбирањето на производот гледајте да потекнува од Македонија, Турција или Бугарија.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина