Денес, од многу причини, како што се неправилната исхрана, дебелината, стресот, пушењето, изложеноста на одредени хемикалии и зрачењето, се појавува ракот, како болест од која најмногу стравуваме. Оваа болест, според повеќе доктори, е хронична метаболична болест која, како и скорбутот, не може да се излекува со никаков чудотворен лек. Витаминот Б – 17 (амигдалин) или маслото од кајсии, се наоѓа во нивните семки, посебно во нивните мембрани, е богат извор на разни природни антитуморски соединенија и на пангамична киселина (B15). Иако модерните здравствени лекувања го пренебрегнуваат, вистината за неговото делување треба да излезе на виделина, бидејќи амигдалинот има способност селективно да делува врз клетките на ракот, односно да ги убива клетките на туморот, а помага и за правилната функција и работа на здравите клетки.

Амигдалинот е релативно мала молекула достапна за апсорпција на сите клетки, а се состои од две поврзани единици, на гликоза со која се хранат клетките на туморот, потоа содржи молекули на бензалдехид и нитрилни групи (цијанид). Иако цијанидот е многу отровен, кога е врзан за амигдалинот тој е инертен и не претставува опасност за живите ткиви. Истото важи и иза бензалдехидот, кој е исто така отровен ако брзо не се метаболизира во организмот со присуство на кислородот.

 

b171

 

Тајната на делување на амигдалинот лежи во ензимите бета -глукозедази и роденази. Поради својот специфичен метаболизам, кој е сличен на оној на пониските организми, како што се габите и бактериите, клетките на туморот содржат поинакви количини на овие ензими, за разлика од нормалните клетки. Ензимот бета – глукозидаза го разградува амигдалинот, ослободувајќи ги нивните отровни материи. Овој ензим е природно присутен во организмот, но во најголеми количини го има во клетките на ракот, каде понекогаш го има и до сто пати повеќе отколку во нормалните клетки. Под неговото делување, во клетките на ракот се создаваат отровниот водороден цијнид и бензалдехид, кои ги уништуваат. Освен тоа, бензалдехидот кој евентуално ќе дојде во контакт со нормалните клетки брзо се оксидира и се претвора во безопасна бензиева киселина која има антиревматски, антисептични и аналгетски својства. Тоа делумно може да го објасни и фактот што амигдалинот ги ублажува интензивните болки кои ги чувствуваат пациентите со напреднат стадиум на рак. Во туморските клетки кои растат во анаеробни услови, ослободениот бензалдехид се разложува многу побавно поради помалата количина на кислород, па така бензалдехидот заедно со цијанидот хронично ги трујат. Како што веќе кажавме, цијанидот врзан со амигдалинот не е отровен, бидејќи ензимот роденаза го детоксицира цијанидот и на тој начин ја врши заштитната улога. Тој ензим во големи количини се наоѓа во сите делови од телото, освен во клетките на ракот, кои поради тоа се видливо чувствителни и брзо изумираат.

Случаи на труење со водороден цијанид од храна се исклучително ретки, со оглед на тоа што потенцијалната отровност се намалува ако семките се јадат заедно со плодот, кој го содржи токму ензимот роденаза. Важно е да се напомене и дека за активирање на роденазата потребен е извор на сулфур, најдобро во облик на аминокиселината цистеинот, па затоа е добро да се обезбеди доволно внесување на оваа аминокиселина, на што посебно треба да внимаваат оние кои не консумираат белковини од животинско потекло. Амигдалинот е докажано дека има и други поволни делувања врз организмот, како што е стимулација на создавање на хемоглобин, регулација на цревната флора и ублажување на сидеропеничната анемија. Минималниот препорачан внес на амигдалин за одржување на здравјето е 50 милиграми дневно за возрасни. Во просек, една семка од кајсија содржи 4 – 5 милиграми од него, што значи дека 10 – 12 семки на ден се доволни за почеток. Добро е да се започне со помала количина и потоа истата да се зголемува постепено. Додека пак на пациентите заболени од рак им е потребна поголема доза амигдалин.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина