Аспиринот може да помогне во спречувањето на инфакт, мозочен удар, но и карцином. Еве какво научно истражување ќе биде спроведено со цел борбата против оваа тешка подмолна болест во Велика Британија. Целта е да се направи споредување помеѓу групи пациенти кои ќе земаат по 300 милиграми ,,аспирин,, дневно, групи кои ќе консумираат по 100 милиграми и групи кои ќе земаат плацебо.

Науката веќе има докажано дека ,,аспиринотможе да помогне во спречување на инфаркт и мозочни удари, а раните истражувања укажувале на тоа дека може да спречи и некои видови рак.

Третата фаза од клиничката студија за превентивното дејство на аспиринот ја финансира Институтот за истражување на рак од Велика Британија и британскиот Национален институт за медицински истражувања, а целта е да се установи дали пет години редовно земање аспиринможе да спречи или одложи враќање на канцерогената болест.

Имаше интересни истражувања кои наговестуваа дека ‘аспиринот’ може да го одложи или спречи враќањето на ракот во раната фаза, но немаше контролни студии кои јасно би го потврдиле тоа”, вели професор Рут Лангли, главен истражувач на одделот за клинички студии на Советот за медицински истражувања на универзитетскиот колеџ во Лондон. Целта ни е еднаш засекогаш да пронајдеме одговор на тоа прашање. Ако утврдиме дека ,,аспиринот,, навистина го спречува враќањето на ракот, тоа би можело да го промени лекувањето во иднина и да понуди евтин и едноставен начин за да се спречи рецидивот и да им помогне на голем број болни да преживеат.,,

Но, Лангли предупредува дека ,,аспиринот,, не треба да се зема на своја рака, се додека не бидат достапни комплетни резултати, со оглед на тоа што тој лек не е погоден за секого и може да има несакани последици.

Тагови: аспиринрак
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина