Цвеклото е здрав зеленчук кој може да се најде на пазарите во најголем дел од годината. Плодот е со црвена или темноцрвена боја и најчесто се користи во облик на салата и сок. Цвеклото е богато со белковини, масти и јагленохидрати. Ги содржи речиси сите минерали калиум, калциум, фосфор, натриум, магнезиум, железо, манган, флуор, јод, сулфур, литиум и бром. Од витамините се присутни витамините Ц, Б1, Б2 и посебно реткиот витамин во растителните намирници – Б12. Црвената боја на цвеклото поттекнува од состојката антоцијанин. Неговата енергетска вредност е мала. Во 100 грама цвекло има само 44 калории.

 

Лековитите дејства на цвеклото

Цвеклото се препорачува за лекување на тумори, леукемија и рак, како и за ублажување на тегоби од низок притисок, жолчка и желудник, грип и други нарушувања. Делува поволно на нервите и на работата на мозокот. Супстанциите бетанин и бетаин кои се наоѓаат во цвеклото ја поттикнуваат размената на метериите, го намалуваат холестеролот, ги оддржуваат крвните садови и помага при болести на црниот дроб. Благодарение на јодот, цвеклото е корисно и во борбата со артериосклерозата. Исто така, тоа ја чисти крвта и го забавува стареењето.

Цевклото е корисно и во лекување на слабокрвност, посебно кај децата, поради тоа што содржи висок процент на железо. Содржи и целулоза и пектин, па делува поволно и на работата на цревата.

Сок од свежо цвекло

Цвеклото има лековито дејство и при најтешки заболувања, но со варење губи од својаа лековитост, па затоа најдобро е да се направи сок од свежо цвекло. Од еден килограм цвекло може да се добие 700 мл сок. Се подготвува така што цвеклото тенко се лупи, се рена ситно и се прелива со сок од лимон и мед. Откако ќе отстои оваа смеса, добро се процедува и се пие во мали голтки. Кај најтешките заболувања треба да се испие о половина литар на ден. Кога ќе се почувствува подобрување, количината треба да се намали на четврт.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина