cudotvorennapitok_1

Ако сте поборник за здрав живот, сакате да го исчистите вашиот организам од токсини и воедно сакате да изгубите некој килограм, овој напиток е вистинскиот за вас.

По повеќе од дваесет години истражување и усовршување на методите за детоксикација , нутриционистката Ен Луис Гитлман повторно ги израдува сите поборници на здравиот начин на живот .

Пијалокот со црвена боја, чии главни состојки се сок од брусница, ѓумбир и лимон, ќе му вдахне нов живот на вашиот црн дроб, ќе го исчисти од токсини и со самото тоа ќе го подобри ефикасното функционирање на целиот организам.

Имено, црниот дроб е најголемиот внатрешен орган кој ја прочистува крвта, ја помага работата на дигестивниот систем, го регулира шеќерот во крвта и на крајот помага за складирањето на масти и производството на протеини.

Секоја чаша вино,кафе или некој облик на индустриски произведена храна му задава тежок удар на овој орган кој се наоѓа на десната страна на стомачната празнина, иако на сите и покрај тоа што е познат по својата способност да се регенерира. Па затоа немојте да му допуштите на црниот дроб сам да го носи товарот на модерниот живот, туку подгответе го овој чудотворен пијали и помогнете му на црниот дроб да се исчисти од отровите.

Овој план на исхрана, кој е осмислен од страна на Гитлман е добар, бидејќи е применлив во секојдневниот живот, кој вклучува голем број на активности – од работа, па до грижа за децата и набавка на производи за домот.

Пред самата детоксикација потребно е да се спроведе седумдневен режим на исхрана кој вклучува многу овошје и зеленчук кои го чистат дебелото црево од токсини и го подготвуваат црниот дроб за еднодневниот пост кој следи. Осмиот ден е резервиран за пост кој вклучува исклучиво консумирање на вода и овој чудесен пијалок, а подолу ви го прикажуваме и рецептот за неговата подготовка.

По оваа детоксикација, следи тридневно приспособување и враќање во “нормала”, а за овој период многу се корисни пробиотиците – ферментирани намирници кои ги поддржуваат бактериите кои му се потребни на нашиот организам со цел успешно да се синтетизираат витамините и да се одржува делотворен имунолошки систем.

Состојки за чудотворниот пијалак:

2 литри сок од брусница, 1/2 лажиче мелен цимет, 1/4 лажица мелен ѓумбир, 1/4 лажичка морско оревче, 3/4 шолја свежо исцеден сок од портокал, 1/4 шолја свежо исцеден сок од лимон.

Подготовка:

Сварете го сокот од брусница и ставете го шпоретот на потивко, за да ги додадете зачините. Сите состојки заедно варете ги уште 15 минути и оставете да се излади смесата на собна температура.Додадете ги потоа и сокот од портокал и лимон. Ставете во фрижидер .

Тајната на овој магичен пијалок се крие во сокот од брусница бидејќи е моќен антиоксиданс, зачините кои ја намалуваат гладта ​​и сокот од портокали и лимони, кои претставуваат вистински бомби во борбата против маснотиите.