Коренот од куркума е важен елемент во традиционалната азиска медицина веќе стотици години. Последните децении, научните истражувања ги потврдија моќните антиинфламаторни и антиоксидативни својства на три хемикалии во неа, познати како ,,куркуминоиди,,. Тоа се тие кои на овој зачин му ја даваат карактеристичната портокалово-жолта боја. Една хемикалија која се содржи во коренот на куркумата го подобрува здравјето на срцето исто колку и умереното аеробно вежбање, заклучиле три истражувања који се ивршени на Универзитетот Цукуба во Јапонија.

Меѓутоа, куркумата делува многу посилно ако се консумира во комбинација со црн пипер. Во зачинот куркума се наоѓаат околу 5% од активната состојка куркумин, а од прилика ист процент пиперин има во црниот пипер. Куркуминот е одговорен за жолтата боја на куркумата, додека пиперинот за лутината на црниот пипер. Пиперинот е можен инхибитор на метаболизмот на лековите. Еден од начините на кој црниот дроб се ослободува од туѓите супстанции е така што ги прави растворливо во вода, со цел полесно да можат да се исфрлат од организмот. Но, црниот пипер содржи молекули кои го спречуваат овој процес. Кога човек ќе ја внесе куркумата во организмот, за околу еден час доаѓа до мал пораст на нејзиното ниво во крвотокот, бидејќи црниот дроб активно се труди да ја исфрли, но ако со куркумата се додаде и четвртина лажичка црн пипер, нивото на куркуминот расте забрзано и неговата биоискористливост достигнува и до 2000%. Дури и 1/20 лажичка црн пипер може значително да го поттикне нивото на куркумин во крвта и неговата искористливост во организмот. Интересно е што традиционалниот индиски зачин, кари, освен куркума, задолжително содржи и црн пипер.

Друг начин за да ја зголемите апсорпцијата на куркуминот е да консумирате свеж корен или сув, исецкан или во прав, бидејќи природните масла од коренот на куркумата и куркумата во прав можат да ја поттикнат биоразградливоста на куркумонот за 7 – 8 пати. Кога се јаде со масти, куркуминот може директно да се апсорбира во крвотокот преку лимфниот систем, прескокнувајќиго на тој начин црниот дроб.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина