Денес, многу знаеме за лековитите својства и производи изработени од црн ким, пред се на она ладно цедено. Веќе илјадници години неговите лековити својства им биле познати на Арапите, кои на своите брзи коњи, пред секоја трка, во храната им го додавале ова семе. Забележале дека коњите побрзо им трчаат поради него, а ние знаеме денес дека активната состојка во црниот ким – тимокинонот, меѓу другото, ги шири и бронхиите. Со тек на време почнале да го користат и спортистите, иако во поново време најмногу го користат алергичарите, оние кои боледуваат од астма и бронхитис и дијабетичарите. Сепак црниот ким нуди уште многу други бенефити за нашиот организам.

 

Производи изработени од семето на црниот ким и нивните лековити дејства

 

Маслото од семето на црниот ким од дамнина со причина се користело како народен лек за превенција и третирање на бројни болни состојби на организмот, а денес науката само го потврдува она што одамна се знае за него. Активните материи во семето на црниот ким помагаат во оддржување на хомеостазата – рамнотежа потребна за преживување и оздравување.

 

Црниот ким (лат. Nigella sativa) освен што има поволен состав на незаситени масни киселини врз здравјето, исто така содржи и биолошки ПЕ системски и локално. Кога велиме дека црниот ким има могу поволен состав на незаситени масни киселинии за здравјето, всушност сакаме да ја нагласиме неговата голема противвоспалителна улога, бидејќи ладно цеденото масло од црн ким е едно од ретките кое содржи повеќе противвоспалителни алфа линолни повеќекратно незаситени масни киселини (омега 3) во однос на исто така есенцијалната, но сепак провоспалителна линолна, омега 6.

Така ладно цеденото масло од црн ким не штити од воспалителни процеси како што се астма, бронхитис, гастритис, колитис, дерматитис, псоријазитис и други ,,итиси,,. Сепак, семето од црниот ким најмногу се користи природно засладено со мед. Медот на кој му е додаден прав од семе од црн ким е брза нутритивна бомба. Брза е поради тоа што изобилува со фруктоза и гликоза, шеќери кои најбрзо ја поттикнуваат дигестијата како и апсорпцијата на активни состојки во крвта, а нутритивна затоа што содржи широк спектар на микро и макронутритиенти и разни заштитни биолошки активни соединенија.

Иако се уште се водат дискусии околу точните терапевтски делувања, овие фармаколошки ефекти се навистина потврдени во бројни научни студии. Со користењето на семето од црниот ким ќе ги прочистите дишните патишта, ќе спречите насобирање на слузта, ќе овозможите подобро дишење, ќе ја зголемите одбранбеноста на имунолошкиот систем и можете да бидете сигурни дека секоја алергија ќе ве одмине.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина