Врската помеѓу гастроинтестиналниот и централниот нервен систем, односно помеѓу цревата и мозокот, е двонасочна. Во здравите црева се наоѓаат голем број различни бактерии, а поради изложеноста на стрес, лошата исхрана, па и прекумерното вежбање, нашиот микробиом се менува. За чувството на замагленост, деменција, Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест, мултиплекс склероза одговорот се барал ,,во главата,,, но денес се поголем број истражувања упатуваат дека треба да се бара во цревата.
Телото се состои од повеќе бактерии отколку клетки, а тие трилиони бактерии го сочинуваат т.н. микробиом. Најголем дел од овие бактерии се во цревата и имаат повеќесложни улоги во оддржувањето на здравјето. Здравите црева се состојат од различни видови бактерии, а доколку дојде до промени во различноста на тие микробиоти, настанува дизбиоза, која може да придонесе за развој на многу болести.

 

Сличност во градбата на цревата и мозокот

 

Нашите цревни микробиоти играат значајна улога во физичкото и психичкото здравје по пат на нивната сопствена неврална мрежа, т.н. цревен нервен систем (enteric nervous system – ENS). Тоа е комплексен систем од околу 100 милиони нерви сместени во слузницата на цревата, а тој ENS систем уште се нарекува и ,,втор мозок,,, бидејќи настанува од исто ткиво како и централниот нервен систем и има структурни и хемиски сличности со мозокот.

Се проценува дека имаме околу 400 до 600 милони неврони (нервни клетки) во цревата, а тоа е за три пати повеќе неврони отколку што ги има во мозокот на еден стаорец. Не сме свесни за своето ,,размислување со цревата,,, но овој систем произведува околу 95% серотонин и 50% допамин, кој се наоѓа во телото. Совршената хармонија на хормоните, невротрансмитерите и електричните импулси кои патуваат низ нервните патишта, а кои ги вклучуваат ендокрините и имуносните и неврални патишта, овозможуваат јасна комуникација на ,,двата мозоци,,.

 

 

 

Во каква врска се аутизмот, мултиплекс склерозата и депресијата на цревата?

 

Емоционалните и психолошки фактори можат да предизвикаат симптоми во цревата, така што често се јавуваат проблеми без јасна физичка причина – тоа се т.н. гастроинтестинални нарушувања во придвижувањето и контракцијата на цревата, предизвикувајќи болки, воспаленија и други цревни симптоми. Ваквите нарушување е речиси невозможно да се лекуваат без анализа на психолошките причинители, иако може да биде поврзано и со невролошките и невропсихијатриските нарушувања. Нарушувања во цревата се пронајдени и кај оние луѓе кои боледуваат од мултиплекс склероза, Паркинсонова болест и аутизам. Некои истражувања покажале поврзаност помеѓу промените во цревата кои настануваат со старосната доба и Алцхајмеровата болест.

Цревната флора е збир од ,,добри,, бактерии кои живејат во цревата. Тие придонесуваат за имунорегулација, пропустливост на цревниот ѕид и за варење на храната, за синтеза на нутритиентите и витамините и испраќаат сигнали за глад и ситост кон мозокот. Цревата не учествуваат само во дигестијата. Тие се главни играчи во регулацијата на воспаленијата и имуноста. Воспалителниот одговор допринесува за проблемот на интестинална пропусливост. Цревата имаат комплексен систем на контрола на разградените материи во крвотокот. Се пропуштаат хранливите материи, додека останатите остануваат во цревата и го напуштаат организмот преку столицата. Секојдневно внесуваме милиони бактерии и вируси од кои телото се ослободува, а воспаленијата го нарушуваат тој систем на ,,гранична контрола,, бидејќи доаѓа до опуштање на меѓуклеточните врски, што ја зголемува пропустливоста на цревниот ѕид, кој се нарекува ,,истекувачко црево,,.

 

Цревата влијаат на размислувањето и помнењето

 

Најважниот аспект од односот на цревата и мозокот е разбирањето дека многу од нашите дневни избори играат улога во оддржувањето на општото здравје и добросостојбата. Најновите истражувања покажуваат дека анкциозните и депресивни луѓе можат да развијат проблеми со цревата. Оние луѓе кои имаат функционални проблеми со цревата или кои ќе развијат IBS – синдром на иритабилни црева (irritable bowel syndrome), развиваат депресија и анкциозност. Тоа е посебно значајно, бидејќи повеќе од 30% – до 40% од луѓето имаат функционални проблеми.

Тагови: црева
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина