Уште од дамни времиња црешите биле на добар глас. На овие вкусни плодови им се припишувале цела низа лековити својства од лекови за гихт и артритис до храна за добар сон. Познавачите тврдат дека 20 цреши десет пати повеќе делуваат поефикасно од аспирин. До неодамна тоа се сметало за народна медицина, но истражувањата дале и научен темел на тие приказни.

Иако се многу добар извор на витамини, сепак црешите не содржат толку Ц втамин како јагодите, но присутноста на антиоксидансите и други корисни состојки ги прават исклучително здраво овошје.

Црешите содржат витамини Ц, Б и А, биофлавоноиди, елегична киселина, антоцијанин, мелатонин. Овие состојки помагаат во борбата против ракот, во превенцијата ос срцеви болести, ги ублажуваат болките предизвикани од артритис и гихт, главоболка, ги ублажуваат симптомите поврзани со фибромијалгичен синдром. Црешите помагаат телото да ни произведува мелатонин на сигурен и здрав начин, и ги подобруваат физиолошките и менталните функции.

Свежите цреши се добри за отстранување на физичките и умствени исцрпености, додека киселите цреши го подобруваат расположението. Многу слични здравствени својства имаат и вишните.

Како и повеќето овошја, така и црешите имаат многу калиум, а малку натриум, што помага во излачувањето на водата од организмот. Црешите се сметаат за одличен извор на бор, кој во комбинација со калиумот и калциумот делува исклучително поволно на здравјето на коските.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина