Сетилата за вид и вкус ја предупредуваат нашата свест дека некој е болен дури и пред болеста да стане видлива. Луѓето се однесуваат во склад со тоа сознание и ги одбегнуваат болните луѓе.

Човечкиот имунолошки систем е ефикасен во борбата против разни болести, но бидејќи бара голема потрошувачка на енергија, одбегнувањето на болеста е подобар начин за да се зачува здравјето, а притоа штеди и енергија.

– Истражувањето покажува дека човечкиот мозок одлично ги регистрира болестите кај другите и свеста за тоа не наведува да ги одбегнува болните луѓе – изјавил главниот истражувач, професор Матс Олсон од Каролинскот институт.

Со вбризгувањето на безопасни бактерии, истражувачите го активирале имунолошкиот систем кај учесниците кои развиле класични симпоми на болест: замор, болки и треска, и за време на тие неколку часа на траење на болеста им биле земени примероци од мирисите, а потоа биле фотографирани и снимани.

Друга група на учесници биле изложени на нивните мириси и слики, а подоцна и на слики од здрави луѓе, па потоа требале да одговараат на прашањата што чусвтвуваат кон нив. За време на овој процес, нивната мозочна активност била мерена со МР скенер.
Врз основа на сликите морале да одредат кои од учесниците се болни, а кои од нив им изгледале привлечно и со кои со задоволство би се дружеле.

– Нашата студија покажува дека луѓето се повеќе подготвени да се социјализираат со здравите луѓе отколку со оние кои се болни и чиј имунолошки систем вештачки сме го активирале – рекол професорот Олсон.

Професорот смета дека резултатите на истражувањето претставуваат биолошка потврда за аргументот дека инстинктот на преживување подразбира одбегнување на инфекциите.

– Здравиот разум ни вели дека би требало да постои однесување кое му помага на имунолошкиот систем. Но, однесувањето не се однесува нужно на оние луѓе со кои сме многу блиски – заклучил професорот Олсон..

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина