Состојки:

 

  • 3 лажици маслиново масло
  • 1 главица кромид, исецкан
  • 2 моркови
  • 2 страка целер
  • 1 главица лук
  • 500 гр. зелена или црвена леќа
  • 1 литар вода
  • 3 лажици вински оцет
  • 1 лажица паста од домати
  • 1 лажица сушено оригано
  • 2 дафинови листови
  • хималајска сол
  • мелен црн пипер

 

 

Подготовка:

 

Најпрво извадете ги чешнињата лук, излупете ги и пропржете ги на малку масло. Потоа, во големо тенџере на средно силен оган загрејте го маслиновото масло. Додате му ги исечениот кромид, морковите и целерот, па пржете 8-10 минути, односно додека кромидот не стане стаклест и не омекне. На нив додадете го пропржениот лук, леќата, водата, винскиот оцет, пастата од домати, дафиновите листови, солта и црниот пипер. Загрејте се додека не почне да врие, потоа намалате го огнот и варете со почесто мешање, околу 45 минути, односно додека леќата не омекне.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина