Состојки:
  • 100 гр. кокосово масло
  • 3 лажици сок од агава
  • 2 лажици какао
  • 50 гр. кокосово брашно
  • 50 гр. кокосови снегулки “чипс”
  • 50 гр. бадемови ливчиња
  • 2 чоколади за готвење

 

Подготовка:

Ако е во стврдната состојба, растопете го кокосовото масло на тивок оган. Течното кокосово масло измешајте го добро со сокот од агава и со какаото, за да се добие чоколаден сос. Во друг сад измешајте ги кокосот и бадемите, па прелијте ги со чоколадниот сос. Сите состојки добро поврзете ги. Смесата ставете ја во фрижидер да отстои околу 5 минути, додека да се стврдне малку. Со околу 2 лажици од смесата формирајте гнездо (ќе добиете од смесата околу 8 гнезда). Ставете ги на чинија и ставете ги во фрижидер околу 30 минути за да се стврднат. Потоа наполнете ги со чоколаден фил, кој ќе го добиете со топење на чоколадите на пареа.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина