Состојки:
  • 1 филџан кокосово масло
  • половина филџан какао во прав
  • 2 лажици кокос
  • 2 лажици рогач
  • 4 лажици агава сируп
  • неколку капки лимон
  • рум арома
  • ванила арома и малку цимет
  • смрзнати вишни
Подготовка:

Се топи кокосовото масло, му се додаваат сите наведени состојки и добро се меша со раце или со миксер. Добиената смеса се става во калапи во форма на срце и во секој од нив се втиснува по една вишна. Вака подготвените срца се ставаат во фрижидер на еден до два часа да се стегнат.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина