Состојки за основата:

  • ½ филџан сиров нерафиниран шеќер
  • 3 чажици сок од портокал или ликер по избор
  • прстофат сол

  • 100 гр. масло од бадеми, лешници или кокос
  • 100 гр. чоколада за готвење
  • 3 лажици какао

Состојки за глазура (по избор):

  • 100 гр. какао во прав
  • 100гр. кокосово масло
  • 50 гр. нерафиниран шеќер или јаворов сируп

Подготовка:

Шеќерот прелијте го со сокот од портокал или ликер и додајте ја солта. Потоа додајте ги маслото, растопената чоколада и какаото. Добро промешајте, најдобро со миксер или во блендер, така што да добиете компактна смеса. Вака добиената смеса ставете ја во помал калап обложен со фолија или со хартија за печење и израмнете ја површината. Оставете ја да отстои 1 час во фрижидер, за да се стврдне. Потоа извадете ја и исечете ја на коцки. Доколку сакате, можете да ги валкате во глазурата според рецептот. Но, можете да направите и сами прелив од растопена чоколада, во која ќе додадете малку масло за сјај. Потоа вратете ги во фрижидер за да се стегне глазурата.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина