Состојки:

 

 

  • 4 лажици топчиња тапиока
  • 1дл. вода
  • 1,5 шолји млеко
  • 1 лажичка какао
  • 1 лажица јаворов сируп
  • 2 лажици компот од вишни

 

 

Подготовка:

Топчињата тапиока оставете ги да отстојат два часа во вода. Потоа варете ги во млекото и додадете им го какаото разматено со две лажици вода. Варете дваесет минути. Исклучете го огнот и истурете гово садот јаворовиот сируп. Убаво измешајте и истурете ја смесата во садови. Оставете да се олади. Украсете одозгора со компот од вишни.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина