alkohol_naslovna

Ако никако не можете да останете доволно долго на диета и да ги сминете тие неколку килограми вишок, можеби би требало да размислите за тоа што пиете, а не само што јадете. Новото истражување покажа дека алкохолот е најголемото искушение за луѓето кои се на диета, а не чоколадото, како што често се мисли.

Посебно е ризична вечерата, бидејќи воглавно тогаш ја прекршуваме диетата и се одлучуваме за чашка или две од омилениот пијалок. Британските истражувачи се надеваат дека дополнителните сознанија за најголемите искушенија на луѓето кои се на диета ќе им помогнат на луѓето кои сакаат да ослабнат, за однапред да знаат на какви проблеми ќе наидат и да се подготват.

Во истражувањето учествувале осумдесет мажи и жени кои се обидувале да ја намалат килажата. На нив им се дале мбилни телефони, на кои воделе електронски дневници за сите вкусни искушенија на кои налетале тој ден. Тие исто така, запишувале и како се чувствувале во тој момент и дали му се препуштиле на искушението.

Истражувањето покажало дека во текот на една недела, испитаниците сакале да ја прекршат диетата 11 пати, во просек, а тоа и го сториле во повеќе од половина од ситуациите. Забранетата храна била особено примамлива кога биле под стрес или биле гладни. Меѓутоа, она што е изненадувачко е тоа и дека мажите и жените почесто му подлегнувале на искушението-алкохол, отколку а грицките или големите оброци.

Ова, според спроведувачите на истражувањето, се должи на фактот што луѓето не размислуваат за тоа колку многу калории се содржат во алкохолот. На пример- две големи чаши бело вино имаат дури една петтина од препорачанатата количина на внесување калории кај жените.

Научниците исто така дошле до сознанија дека диетата најчесто ја прекршуваме навечер. Се смета дека до тоа доаѓа заради тоа што нашата цврста решеност и моќта на волјата се истрошуваат во текот на денот. Исто така, нездравата храна повеќе не привлекува кога сме во друштво, и тоа веројатно бидејќи сметаме дека ако нашите пријатели тоа го јадат тогаш можеме и ние.

За да се избегнат овие искушенија, спроведувачите на истражувањето препорачуваат своето окружување да го уредиме на начин што ќе биде помалку инспиративен за прекршување на диетата.

На пример, немојте кекси колачите на работа да ви стојат на видно место, за да немате константен потсетник на искушението, бидејќи потоа цело време ќе морате да ја вежбате својата моќ на волја, која на крајот ќе се истроши и вие веројатно ќе подлегнете на нездрава храна или пијалоци.