Чоколадно смути
За сите оние кои сакаат посилен вкус тука е чоколадниот смути. Смути со мала количина на јаглехидрати и минимални калории. Оваа комбинација е одлична ужина која ќе ви помогне да издржите до следниот оброк.
Состојки (3 dl):
30 g whey протеин од чоколадо
50 g банана (1/2 средни банани)
1 dl бадемово млеко
0,5 ml вода
4 коцки мраз
Начин на подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер и добро измиксајте. Декорирајте со малку горчливо чоколадо или какао.
Нутритивни вредности:
Енергетска вредност: 176 kcal
Протеини: 23 g
Масти: 3 g
Јаглехидрати: 13 g
Влакна: 1 g