Раното откривање на хеликобактер пилори и новите терапии во последните 20 години доведоа до намалување на бројот на пациенти со чир на желудникот и на дванаетпалачното црево. Чирот на дванаестпалачното црево во 95% е предизвикан од делувањето на хеликобактер пилори, докажуваат најновите научни истражувања. Но, ако на време се започне со терапијата, ризикот за чирот да се појави повторно е многу мал, па затоа докторите велат дека ова е болест која полека исчезнува. Но, и покрај тоа што зачестеноста на чир предизвикан од хеликобактеријата драстично се има намалено поради добрата терапија со антибиотици, несаканите дејства на лековите врз дигестивниот тракт и понатаму се вториот негов причинител, и тоа кај 30 % од пациентите.

Причина за појава на желудникот се лековите кои најчесто им се даваат на пациентите: за санирање на последиците од срцеви болести и мозочен удар, како што се аспиринот, антиинфламаторните и антиагрегационите лекови, антикоагулансите, па ури и најновите лекови за лекување депресија. Една од најчестите компликаци кои тие можат да ја предизвикаат е ненадејното крварење од дигестивниот тракт. Затоа е важно за секој пациент да се проверат ризик факторите и дали одреден лек може да предизвика несакани дејства.

Симптоми кои укажуваат за присутност на хеликобактер пилори во организмот се диспепсија, болка и непријатност во горниот дел од стомакот, под градната коска, потоа мачнина и непријатен див од устата. Штом ќе се појават овие симптоми, треба да се направат тестирања со цел на време да се започне со соодветна терапија и да се намали ризикот од појавата на чир на желудникот и на дванаестпалачното црево. Присуството на оваа бактерија може да се открие со помош на инванзивен и неинвазивен тест. Инванзивниот тест подразбира гастроскопија, за време на која директно се доаѓа до слузокожата на желудникот, од каде се земаат примероци. А неинвазивниот тест се состои од тест на столицата и тест на дишење и тие се ефикасни за докажување на присуство на бактеријата и на нејзиното успешно лекување.

Иако многу популарни се и тестовите на крвта, сепак тие не треба да се прават поради тоа што се непрецизни и имаат недозволен висок процент на погрешни резултати. Посебно не би требале да се користат за проценка на успешноста на лекување на хеликобактер пилори, бидејќи антителата остануваат позитивни во крвта и до 10 години по успешното излекување. Тие претставуваат имунолошка меморија, но не кажуваат за моменталната присутност на инфекцијата, па поради ова многу често доаѓа до недоразбирања помеѓу докторите и пациентите.

 

Секој втор човек ја има бактеријата

 

Стручњаците проценуваат дека 50% од светската популација во себе носи хеликобактерија, но за среќа не се разболуваат сите. Дури секој 20-ти заразен во некој период од животот може да добие чир на желудникот или на дванаест палачното црево.

 

Дополнителна терапија

 

За време на лекувањето на хеликобактер пилори, многу гастроентеролози препорачуваат дека покрај терапијата со антибиоици треба да се земаат и пробиотици затоа што антибиотиците ги уништуваатдобритебактерии во цревата и ја попречуваат нивната рамнотежа. За да се зајакне одбраната на цревата, докторите обично пропишуваат една капсула робиотици дневно, кои треба да се земаат најмалку два часа по антибиотиците, со цел неговото дејство да не ги уништи и пробиотските бактерии. По завршувањето на терапијата, пробиотикот се пие уште една недела поради продолженото дејство кое го имаат антибиотиците.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина