Чипс од цвекло
Состојки:
- 2-3 цвекла
- 1/3 шолја маслиново масло
- 1 лажичка свежо оригано или рузмарин
- сол
- црн пипер
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200oC. Цвеклото излупете го и исечкајте го на кругови. Наредете ги круговите на плех за печење во еден слој, за да можат рамномерно да се испечат.
Измешајте ги заедно маслиновото масло, ориганото и црниот пипер. Со оваа мешавина премачкајте ги одозгора круговите цвекло и посолете.
Ставете ги да се печат околу 20-25 минути. Потоа извадете ги од рерната, превртете ги од другата страна и повторно намачкајте ги со мешавината. Печете ги уште околу 25 минути, додека да станат крцкави. Послужете веднаш.