Мускулите се парализирани

 

Со влегување во РЕМ фазата од спиењето, најдлабоката од сите, мускулите на екстремитетите стануваат сосема парализирани и движењето е оневозможено. Постои нарушување на спиењето, кај кое таа парализа се задржува по будењето, неколку секунди или дури по неколку часа. Ваквото застрашувачко чувство го имаат доживејано оние кои имаат нарколепсија – ги отвораат очите и не можат да се мрднат.

 

Очите се вртат со голема брзина

 

Секоја фаза од спиењето служи за некоја специфична цел за оддржување на телото и мозокот здрави и опуштени. Постојат пет фази на спиење, а секоја е подлабока од претходните. Кога ќе и поминеме сите пет циклуси, се тргнува од почеток. Последната РЕМ фаза е најактивна и започнува отприлика 60 до 90 минути откако ќе заспиеме. Во оваа фаза очите се движат со полна брзина напред – назад, a умот е насочен кон она што го сонуваме.

 

Се испушта хормонот на раст

 

ХГХ хормонот, попознат како хормон на растот, е одговорен за регенерација на коските, мускулите и ткивата. Кога спиеме, происводството на овие материи се активира по целото тело и придонесува за излекување на раните и за обновување на клетките. Додека сме млади, овој хормон го поттикнува растот иима многу други ефекти врз телото.

 

Грлото се стеснува

 

За време на спиењето, мускулите кои го држат грлото отворено додека сме будни, се опуштаат, а големината на грлото се намалува. Токму ова е е една од причините за рчење. Иако постојат и други фактори кои придонесуваат за произведување на тој звук, како на пример – назална опструкција.

 

Чкртање со забите

 

Тој феномен се вика бруксизам. Тоа не му се случува секому, но некои знаат да се будат со силна болка во вилицата токму затоа што цела вечер чкртале со забите. Бруксизмот може да има морфолошко потекло – се јавува како последица од неправилности во вилицата. Студиите не успејале да откријат зошто тоа не се појавува кај некој воопшто додека кај други бруксизмот  знае да заврши со скршени или оштетени заби и болна вилица.

 

Спонтано сексуално возбудување

 

И мажите и жените знаат да доживејат сексуално возбудување за време на спиењето, а тоа се случува поради врвот на мозочните активности за време на брзото движење на очите во сонот. Тоа значи дека на мозокот му е потребно повеќе кислород, а тоа води до побрз проток на крвта низ телото. Освен на мозокот, тоа влијае на секој орган во телото, па така и на оние најинтимните делови и тоа води до активација на половите хормони.

 

Мозокот измислува приказни

 

Начинот на кој се формираат нашите сништа е мистерија во научните кругови. Денес знеме дека мозокот ги конструира сништата од нашите сеќавања кои се присутни во секојдневниот живот и до длабоките потсвесни материјали. Значи, неодамнешните сеќавања се комбинираат со информациите кои ги имаме зачувано во последните години – сеќавања, трауми, емоции и чувства – и понекогаш се создаваа апсурдни соништа. Меѓутоа, се уште е невозможно да се утврди зошто умот навечер патува на одредени места или зошто одбира одредени спомени, бои, гласови, призори и луѓе.

 

Мозокот се обновува и детоксифицира

 

Истражувачите од Универзитетот во Рочестер откриле дека за време на спиењето мозокот на некаков начин го ,,мие,, сиот отпад кој во него се насобрал во текот на денот. Механизмот кој се активира додека спиеме се нарекува глимфатичен систем. Кога ќе се вклучи, мозокот овозможува исфрлање на бескориснит еинформаии и акумулирање на нештата кои ги смета за витални и ги обновува нивните врски.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина