Чичакот (лат. Silybum marianum) е степско и каменесто растение кое потекнува од јужна Европа, средна Азија и северна Африка. Му припаѓа на семејството Asteraceae, чии членови и растенија се налик на сончоглед и бела рада. Расте и до два метри во висина и е многу бодликава. Како лек се користи подолго од два века.

 

Чичакот од дамнина е познат како најдобро средство за заштита и обнова на црниот дроб, но поседува и други лековити својства.

 

Најдобар природен лек за регенерација и детоксикација на црниот дроб

 

Како најголем внатрешен орган, црнот дроб е одговорен за низа клучни функции на организмот. Крвната слика особено многу зависи од неговото здравје. Тој секојдневно активно ја чисти крвта за да овозможи правилно функционирање на секој систем во нашето тело. Покрај тоа што ги остранува штетните материи од крвта, тој го регулира производството на хормоните и ја испушта гликозата во крвотокот, со што на телоот му обезбедубва доволна количина на енергија. Од тука јасно е зошто неговото неправилно функционирање може да предизвика бројни здравствени проблеми.

 

Чичката (или чичакот) го штити и регенерира црниот дроб, така што ги обновува нејзините клетки и ги остранува токсините кој овој орган ги апсорбира. Службено е прифатен како лек за различни болести на црниот дроб, како што е синдромот на мастен црн дроб, оштетување на црниот дроб како последица од алкохолизам, труење, земање одредени лекови или хепатитис. Природно и ефикасно ги неутрализира штетните ефекти од консумирање алкохол, присутноста на пестицидите и тешките метали во храната, нечистиот воздух и делувањето на различните отрови.

 

Спречува појава на бубрежни и жолчни камења

 

Со оглед на тоа што црниот дроб ,,соработува,, со другите органи на дигестивниот систем, како што е жолчниот меур, цревата, панкреасот и бубрезите, чичакот е исклучително полезен во превенирање од камења во бубрезите и жолчката. Ова растение го поттикнува здравјето на дигестивниот тракт и ендокриниот состем, стимулирајќи го производството на жолчка и ензимите и прочистувајќи го крвниот систем. Исто така, помага и во отстранувањето на метаболичкиот отпад од организмот и ја регулира функцијата на жолчниот меур, бубрезите и слезината.

 

Им помага на болните од дијабетес

 

Експерименталните и клинички студии го имаат потврдено ефикасниот ефект од антиоксидативните својства на чичката во намалувањето на шеќерот во крвта кај пациенти отпорни на инсулин.

 

Американската студија од 2006 година покажала дека нивото на гликоза и инсулин значително се подобрила кај пациентите. Овие резултати не се изненадувачки за научниците, бидејќи е познато дека црниот дроб, меѓу другото, е одговорен и за регулирање на хормоните, вклучувајќи го инсулинот во крвотокот.

 

Ја негува и штити кожата

 

Состојките во чичката се многу ефикасни во спречувањето на последиците од оскидативниот стрес врз кожата предизвикан од претерано изложување на сонце. Неа ја сметаат за силен инхибитор на влијанијата на слободните радикали, кои се причина за рак на кожата. Примената на силимаринот на кожата значително ги ублажува оштетувањата на кожата настани како последица од хемотерапија кај пациенти болни од рак.

 

Во студија спроведена во 2008 година, научниците на Отсекот за дерматологија на Универзитетот Алабама Бирмингам, САД, ги споредувале ефектите од силното УВ-зрачење на кожата на лабораториски глувци и дошле до заклучок дека кожата на оние на кој им бил вбризгуван екстракт од чичка претрпела значително помали оштетувања од оние кои не примиле ваков екстракт.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина