Чичакот (lat. Arctium lappa) му припаѓа на семејството Asteraceae. Кај народот е познат како магарешки трн. По потекло е од Европа и Сибир, а денес е распространет ширум светот. Во средниот век ова растение било редовно користено во кулинарството како зеленчук кој имал исклучително хранливи вредности.

Листовите на чичакот се со срцевиден облик и назабени рабови. На дното стеблото е големо и широко, а кон врвот неговата големина се намалува. Се берат кога се многу млади, задолжително пред цветање на растението. По изглед, стеблото дебело, влакнесто и тврдо. Во коренот се содржат сите хранливи материи. Тој, пак, е меснат, разгранет, со вретенест облик и може да порасне до 60 см во должина. Цветните глави на чичакот се округли по облик и се сместени во гроздови на врвот од стеблото. По боја се пурпурно – црвени до пурпурно – виолетови. Чичакот цвета од јуни до септември. Семето созрева од јуни до октомври, а се собира кога целосно ќе созрее.

Во останатиот дел од светот чичакот ретко се користи како храна, но е исклучително ценет на подрачјето на фитотерапијата и во козметичката индустрија. Нутритивно богати и лековити делови од чичакот се листовите, семето и коренот. Тие содржат бројни нутритиенти, кои повеќекратно се корисни за човековиот организам:

  • витамини Ц и Е

  • фолна киселина

  • рибофлавин

  • пиридоксин

  • ниацин

  • калиум

  • железо

  • магнезиум

  • цинк

  • калциум

  • селен

  • фосфор
  • инулин

Витамините Ц и Е, кои значително многу се застапени во чичакот, се силни природни антиоксиданси, кои помагаат во превенцијата и лекувањето на многу болести.

Од минералите, посебен акцент му се дава на калиумот, кој го чува здравјето на кардиоваскуларниот систем, нервите и мускулите, го отстранува заморот и помага во зачувување на оптималните нивоа на енергија и на концентрацијата.

Чичакот е добар извор и пробиотикот инулин, кој се истакнува со своите лаксативни својства и со позитивното делување на цревната микрофлора. Освен тоа, тој го намалува нивото на шеќер и холестерол во крвта и ја намалува прекумерната телесна тежина.

Посебно внимание привлекуваат горчливите состојки во ова растение. Тие ублажуваат стомачни болки, надуеност и мачнини. Ја поттикнуваат ресорпцијата на витамините и минералите во траги и помагаат за зачувување на здравјето на црниот дроб и жолчниот меур.

Чичакот е одличен сојузник на имунолошкиот систем – го јакне имунитетот, превенира и лекува грип, разни инфекции и алергии. Потоа, го поттикнува потењето, а со тоа и детоксикацијата на организмот преку кожата. Облогите од чичак се користат за лекување кожни проблеми како што се нечиста кожа, модринки, гнојни рани, гребаници, акни, егземи и лишаи. Помага во прочистување на крвта, исфрла песок од бубрезите и мокрачните канали, ефикасно делува кај болни зглобови, артритис и реума, лекува анемија, го поттикнува апетитот и ефикасен е во лекувањето на леукемија.

Маслото од чичак е познато по своите смирувачки својства и ефикасност кај несоница, немир, напнатост, раздразливост и нервоза.

Останати лековити дејства на чичакот:

  • ги регенерира ткивата
  • го подобрува варењето

  • штити од болести на црниот дроб

  • има смирувачки својства

  • ја пообрува состојбата на косата и коренот

  • помага кај дијабетис

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина