Можеби името ви звучи како остварување на сонот за еден сладокусец, но всушност се работи за многу мудро искомбиниран еликсир за здравје – боровинките имаат висок процент на антиоксиданси, чиа семето, покрај антиоксиданси, има и влакна, омега – 3 масни киселини и протеини, а смоквите влијаат на намалувањето на лошиот холестерол и ризикот од срцеви заболувања благодарение на витамините, минералите и нутритиентите кои се спакувани во ова вкусно овошје.
Состојки:

1 шолја кокосово млеко
1/4 шолја чиам семе
1 и 1/2 шолја боровинки
1 лажица екстракт од ванила
4 смокви
2 лажици лешници
2 лажици јаворов сируп

Подготовка:
Изблендирајте ги боровинките и помешајте ги со екстрактот од ванила, чиа семето и кокосовото млеко. Поклопете ја смесата и оставете ја да отстои преку ноќ. Поделете го пудингот во две чаши и аранжирајте го со парчиња смокви и лешници, а одозгора прелијте го со јаворов сируп.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина