Чешањето на ушите, посебно во текот на зимскиот период, може да биде болно искуство. Во продолжение погледнете неколку причини и третмани оваа појава.

Повеќето од нас имаат доживеано чешање на ушите. За тоа постојат безброј причини, кои можат да бидат едноставни, како што е на пример вода во увото, која може да доведе до тешки инфекции. Третманот може да се започне дури по дијагноза на точната причина. За среќа, оваа непријатна појава може да се лекува со едноставни народни лекови, дури и дома.

Причини

Инфекциите се честа причина за чешање на ушите. Бактерии или вируси можат да изнајдат разни начини за да дојдат до увото и да предизвикаат чешање. Но, постојат и некои други причини. Во продолжение погледнете кои се тие.

Сувост

Честопати, сувоста во ушите предизвикува чешање во внатрешното уво. Некои луѓе произведуваат помалку себум или ушен восок. Оваа мала количина не е доволна за ушниот канал да биде подмачкан. Како резултат на тоа, сувост се јавува внатре во увото и тоа доведува до лупење на кожата во внатрешното уво. Оваа состојба е слична на себороидниот дерматитис и на крајот доведува со чешање на внатрешното уво.

Ушен восок

Вишокот производство на себум може да го затне ушниот канал. Ова затнување тогаш ја заробува влагата и создава погодна подлога за разни видови бактерии и други микроорганизми. Покрај формирање гној и други компликации, чешањето во ушите е исто така многу честа појава во текот на инфекциите.

 

Пливачко уво

Ова е уште една причина за чешање на ушите. Се случува кога вода ќе се задржи во ушниот канал. Оваа вода е поволна за развој на габи и бактерии, што често води до инфекции. Антисептичните лекови можат да го решат овој проблем.

 

Алергии

Алерготе на одредени хемикалии во производите за нега на косата често доведуваат до чешање во внатрешното уво. Овој проблем може да се ублажи со прекинување на користење на овие производи. Алергиската реакција исто така може да се намали со употреба на одредени лекови.

Лекови

Бројни лекови или домашни мелеми можат да ја ублажат оваа непријатна појава и да ги олеснат нејзините симптоми. Сепак, тие не можат да бидат ефикасни против чешањето поради некаква хронична медицинска состојба.

Алкохол

Растворот од вода и медицински алкохол е исто така ефикасен во лекувањето на чешањето на ушите. Растворот се прска директно во увото со пумпичка и се легнува на страна за да се исцеди увото.

Чистење

Чистењето на себумот е корисно ако чешањето во ушите е предизвикано од акумилирањето на ушниот восок. Но, не е мудро да користите чепкалки за уши за внатрешното уво. Тоа може да го оштети ушното тапанче. Најдобро е увото да го исчисти стручно лице.

Чешањето во ушите ретко претставува причина за загриженост. Но, ако продолжи да чеша и по земањето лекови или третирањето, тогаш можеби би требале да се кконсултирате со доктор специјалист за уво, кој може да ви помогне да го утврдите проблемот и да ви препише соодветен третман. Сепак, за да се одбегне било каков проблем со ушите, неопходно е да се споведува соодветна хигиенска мерка за нивно одржување и чистење.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина