Чешањето на анусот може да биде исклучително непријатен здравствен проблем кој може да се појави од повеќе причини. Честопати е проследен со пецкање и болка, и може да трае и подолг временски период. Кај многумина тој се јавува и без некоја посебна причина, а ако потрае подолго од два дена, треба да се јавите на доктор.

Што го предизвикува чешањето околу анусот?

Чешањето на анусот може да го предизвикаат различни причини, а како најчести се јавуваат дијарејата и проливот. Било оваа стомачна потешкотија да се јавува поради посилна или послаба настинка, употребата на лаксативи или храна која предизвикува често празнење на цревата, како што е обилната консумација на овошје, млечни производи или суво овошје, чешањето на анусот ќе биде директна последица од дијарејата. Многу зачини или лути пиперчиња (феферонки) исто така предизвикуваат пролив, па треба да се исфрлат од исхраната. За да се лекува во овој случај чешањето на анусот, прво треба да се излекува дијарејата.

Различни инфекции на гениталиите исо така можат да се пренесат и на анусот, па во тој случај причини за неговото чешање ќе бидат многубројните паразити и бактерии. Доколку постои сомневање дека се работи за ова, требате веднаш да се јавите на доктор. Истото важи и ако кај некое дете (но и постари луѓе) се појавиле глисти, кои мораат да се лекуваат медицински.

Чешањето на анусот можат да го предизвикаат и некои лекови, односно да предизвикаат алергиска реакција од антибиотиците или друг вид медицински препарати. Ако се работи за тоа, веднаш треба да престанете да ги пиете лековите и да побарате од својот доктор соодветна замена која нема да предизвикува вакви реакции.

И хемороидите се исто така една од причините за чешаење на анусот, кое е придружено со болка, пецкање и надразнетост на целата регија. Тие можат да се лекуваат со разни лекови и масти, но би било добро да се обратите на доктор за да добиете најдобра можна терапија.

И, на последното, но не и толку неважно место се наоѓа хигиената околу анусот. Тоа се однесува како за нејзиното неодржување, така и за честото негово миење. Ако анусот не се дезинфицира редовно, делови од столицата ќе се задржуваат, бактериите ќе се развиваат и последиците од тоа можат да бидат многу полоши од чешањето на анусот. Истото се однесува и за честото миење – претераното влажнење и употребата на сапуни, кои го сушат анусот, па како последица на тоа се јавува чешање.

Како сами да го излекувате или ублажите чешањето на анусот ?

Првиот чекор е да го исчистите анусот, така што ќе го измиете со млака вода (без користење сапун или груби движења) или ќе го избришете со влажни антибактериски шамивчиња. Бидејќи кажавме дека влагата околу анусот може понекогаш да предизвика чешање, треба местото убаво да го исушите со мека крпа или тоалетна хартија. Анусот може да се третира со крема, дали со онаа која ви ја има препорачано докторот или фармацевтот, или со некоја хипоалергенска, но никако во обилни количини, за да не предизвикате празнење на цревата. Понатаму, некое време одбегнувајте да консумирате намирници кои би можеле да доведат до запек или пролив и хранете се здраво, а потрудете се и да пиете многу вода за да ја регулирате столицата. Лаксативите се забранети.

Понекогаш чешањето на анусот може да биде предизвикано и од синтетичка или свилена долна облека. Затоа користете само памучна. Тангите можат да предизвикаат исто така проблем, па одбегнувајте ги некое време. Неретко и тесната облека, фармерките, синтетиката и воопто грубите материјали се предизвикувачи на чешањето на анусот, бидејќи влијаат на претераното потење. Затоа, носете широка облека, за да можете да ги неутрализирате овие непријатни симптоми.

 

Тагови: анусдиареа
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина