Целијакија е неподнесување на организмот на глутен – белковините присутни во пченицата, ржот, јачменот, зобот и другите житарки настанати со врстување на овие. Целијакијата е доживотна хронична болест, а единствен лек е одбегнувањето на намирници кои содржат глутен. Најчесто виновници за оваа болест се гените на далечните роднини, па така таа се јавува почесто во скандинавските земји отколку во Европа, Азија или Америка. Кај луѓето со генетска предиспозиција, внесувањето на глутен го активира имунолошкиот систем, што резултира со уништување на цревните ресички, тешко оштетување на слузницата на цревата и, како резултат од тоа, мала ресорпција на храна и нутритивни намирници.

Дијагностицирање на целијакијата

Дијагностицирањето на целијакијата знае да биде многу тешко. Често е маскирана со други болести, кои на прв поглед не се поврзуваат со неа (остеопороза, анемија и слично). Единствено сигурно дијагностицирање е биопсијата на тенкото црево, каде можат да се видат карактеристични промени на цревните ресички.

Што е тоа глутен?

Глутенот е протеин кој е присутен во житарките. Оние кои боледуваат од целијакија мораат веднаш да го исфрлат од исхраната, дури и ако не чувствуваат посебни тешкотии. Иако, најчесто при консумирањето се јавуваат проблеми како надуеност, пролив, слабост и повраќање.

celijakija1

Листа на намирници

На почетотокот е секогаш тешко да се премине од еден на друг начин на исхрана. Меѓутоа, одбегнувањето на храни кои содржат глутен е нужно. Треба внимателно да се читаат декларациите и да се бараат информации. Сепак, границата на чувствителност на глутен варира од човек до човек. Мал е бројот на оние кои реагираат на него на количина која е помала од 20 ppm глутен. Обично производителите нудат посебни сертификати кои докажуваат дека нема присуство на глутен.

Намирници кои можете слободно да ги консумирате:

овошје (свежо, сушено и кандирано*

месо (говедско, свинско, пилешко, мисиркино, риба, морски плодови)

јајца

млеко и млечни производи (млеко, кисело млеко*, путер, маргарин, јогурт*)

печурки

одреден вид житарки (ориз, просо, хељда, амарант, киноа)

ореви и јаткасти плодови

масла

шеќер, кафе, мед, какако, џем, мармалад*)

зачини*

*означените со ѕвездичка производи може да содржат глутен во вид на адитив.

Забранета храна:

пченица, рж, јачмен и сите производи кои ги содржат овие намирници (кус кус, брашно, скробни производи)

пченични никулци

слатко пиво, виски, замени за кафе

леб од пченкарно брашно

готови супи и сосови, инстант пире

суви смокви

сувомеснати производи

згуснувачи, салатни преливи

Заклучок

Иако прилагодувањето на исхраната може да биде непријатно, тоа е неопходно. Внимателно читајте ги декларациите и информациите кои ги содржат истите. Во Македонија постојат неколку здруженија кои можат да ви дадат квалитетни информации за оваа болест, како на пример список на ресторани и продавници каде можат да се набават безбедни безглутеински намирници. Иако секогаш ќе имате одредени ограничени патувања и излети, кои ќе бараат претходно подготвена храна, барање информации од домаќините, сепак по периодот на прилагодување полесно ќе се снаоѓате во општеството како и во подготвувањето на храната. Доколку се посомневате во целијакија, побарајте домашни тестови или направете лабораториска анализа, но притоа строго следете ги упатствата за да не добиете лажни негативни резултати. Запомнете, за да се постави точна дијагноза, потребна е биопсија на тенкото црево.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина