ceden-sok_nasl1

Цедените сокови рано наутро на празен стомак и прошетката по сонце, после зимското сивило, ќе го зајакне нашиот имунитет пред промената на годишните времиња. Исто така, нутриционистите препорачуваат да ја изедеме целата преостаната кисела зелка која сме ја ставиле зимата. Што се однесува до исхраната, овој период ни е малку потешко, бидејќи се соочуваме со оскуден избор на свежо овошје и зеленчук. Цитрусните овошја веќе ни се досадни,а на пазарот веќе се стигнати зелените зеленчуци од под пластичните фолии. Меѓутоа, сето тоа треба да го искористиме- препорачуваат експертите.

Добро е што сеуште ја јадеме туршијата и зелената зелка од нашата туршија, а што се однесува до овошјето, би требало да продолжуваме со внесувањето на портокали, киви и особено сок од свеж лимон. Не е лоша идеа и да го јадете овошјето кое сте го замрзнале во замрзнувачот- малини, капинки и јагоди, додека не стигнат свежи, се разбира.

Она што секако треба да го воведете во вашето дневно мени е овошната ужинка на работа или училиште. Пред заминување од дома, во вашата ташна ставете барем една јаболка и една банана, или еден портокал и киви. Со тоа ќе направите многу за вашиот имунитет.

Нутриционистите препорачуваат и како правило да го воведеме пиењето на цедени сокови, веднаш по нашето будење.На тој начин, со внесување на течност која ќе не освежи на најдобар начин ќе го разбудиме организмот, многу подобро отколку со кафе.

Што се однесува до зеленчукот, сега на пазар би требало да купуваме зелена салата, спанаќ, кромид, ротквички…и сето тоа мораме темелно да го измиеме пред употребата, под млаз вода.

Експертите советуваат дека не смееме да го прескокнеме ниту месото, но секогаш да се одлучиме за нешто полесно како што е рибата, пилешкото месо или мисиркиното месо.

Секако, задолжителни се и млечните производи- особено млекото, јогуртот или кефирот. Јадењето на овие протеини е од суштинска важност за зајакнувањето на организмот.

Секако, важно е да се јаде што е можно поразновидна храна, а од пијалоците најсилно се препорачуваат лимонадата, цедените сокови и незасладените чаеви, евентуално заблажени со мед.

На крајот, треба да правиме редовни прошетки по сонце, кога и да можеме. Престојувањето во затворени загреани простории, со сув воздух, доволно го исцрпе нашиот организам. Затоа за зајакнувањето на организмот особено се препорачуваат долгите прошетки или пак возењето на велосипед или ролерки.

Неколку брзи совети:

1.Носете си овошна ужинка на работа и во училиште
2.Задолжително испијте барем еден свежо исцеден овошен сок дневно
3.Јадете немасно месо (риба, пилешко, мисиркино)
4.Од зеленчук јадете : зелена салата, спанаќ, кромид, ротквички
5.Долги прошетки на убаво време по сонцето
6.Сега е време за велосипед и ролерки