Ако по вршење на голема нужда се појави крварење или ако имате траги на светла крв на тоалетната хартија и долната облека, како и чувство на притискање и чешање, проследено со засилено влажнење на анусот, голема е веројатноста дека имате проблеми со хемороиди. Хемороидите често се јавуваат за време на бременост и кај оние кои имаат прекумерна телесна тежина и долготраен запек, поради кој постои напнување при празнење на цревата. На оваа појава и претходи дилго седење, исхрана со премалку влакна, стрес, тежок физички напор или хронична кашлица. Иако во првата фаза некои видобви на масти и чепчиња можатда ги ублажат тегобите, честопати се работи само за краткотрајно ублажување на симтомите, но проблемот останува и се развива, па прашање е само на време кога повторно ќе се појави.

 

Споменатите симтоми можат да бидат поврзани и со други причини, како што е воспалителниот процес на слузницата на дебелото црево или туморален процес – до 80% од туморите на дебелото црево се лоцирани во последните 20 сантиметри од дебелото црево – па затоа е важно да се појде на преглед во раната фаза, со цел да се утврди вистинската причина за проблемот.

 

Хемороидите се перничиња исполнети со крв која, заедно со внатрешниот сфинктер, имаат улога на ,,фино,, затворање на аналниот канал, а се сместени на длабочина од 4 до 5 сантиметри од анусот. Не можат да се видат ниту да се напипаат со прст, така што прегледот со практоскоп е единствениот начин за сигурно дијагностицирање. Лекувањето зависи од степенот на развој.

 

Самиот преглед трае десеттина минути и е целосно безболен, а за него не е потребна претходна подготовка. За превенција и ублажување на тегобите од хемороидите треба почесто да се јаде течна и домашно готвена храна, без силни зачини, со што помалку сендвичи, сувомеснати производи и пржена храна. Треба да се консумира храна која изобилува со влакна, овошје (посебно бабани, јаболки и круши) и зеленчук (моркови, брокула), чиа семе и ленено семе, зобени житарки, грав, леќа и леблебија, кои ќе ја поттикнат дигестијата и ќе го олеснат празнењето на цревата. Исто така, важно е и честото движење.

 

Масла за делот околу анусот по столицата

 

Подгответе масло со кое можете да го мачкате аналниот дел по секоја столица. Во маслото од кантарион додадете 3 – 5 капки етерично масло од нане, одлична комбинација е и кантарионовото масло со невеновото масло во сразмер 50:50 мл. По секоја столица измијте го делот околу анусот и намачкајте се со некое од овие комбинации на масла.

 

Чајни мешавини за лекување хемороиди

 

Измешајте коприва, плод од боровица, камилица и мајчина душичка во еднаков сразмер. Можете да додадете и жалфија, бидејќи таа делува бактерицидно и дезинфицирачко, па ги уништува патогените бактерии во дигестивниот систем, го поттикнува варењето и го оддржува метаболизмот здрав. Ако е присутен запек, додадете и коморач во чајот или лен. Во текот на денот, треба да се испие еден литар од овој чај.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина