Пропаѓањето на клетките на бубрезите е процес. Настапува бавно и постепено, но без симптоми. Кога тие ќе се појават, хроничната слабост на бубрезите (инсуфициенција), веќе е во втора, најчесто дури и трета фаза од болеста.

 

Главната функција на бубрезите е лачење на токсичните производи на метаболизмот вон организмот, како и лачење на хормони. Болестите на бубрезите се голема група на заболувања со различни причини, ток, клиничка слика и прогноза, а најчесто се предизвикани од инфекции, метаболички нарушувања, токсини и други фактори. Се манифестираат како воспаление на бубрезите и акутни (ако траат до три месеци), односно хронични намалувања на функцијата на бубрезите – бубрежна инсуфициенција.

 

Малаксаност, несоница…

 

Слабеењето на првата функција на бубрезите, да лачат уреа, креатинин и други штетни материи настанати при разградување на протеините, се воочува како пораст на лабораториските вредности на уреата и креатининот во крвта.

 

Слабееењето на другата функција, да го регулира нивото на водата, јоните и киселините во организмот, се воочува како насобирање вода во организмот (отоци околу очите, на потколената, вода во белите дробови), насобирање сол, кој доведува до пораст на крвниот притисок, додека порастот на киселини во организмот се открива лабораториски како пад на pH вредноста во крвта.

 

Слабеењето на способноста на бубрегот да произведува хормони доведува до анемија.

 

Дијагнозата за недоволна функција на бубрезите се поставува кога бројот на нефроните, функционалните единици на бубрезите, се околу 2,3 милиони, ќе спадне на третина. Спорото пројавување на симптомите е доказ дека бубрегот долго време, ,,молчаливо,, поднесува, жртвувајќи се за другите органи.

 

Кога ќе се појават, симптомите се неспецифични: замор, несоница, послабо помнење и малаксаност. Ако веќе постои анемија, поизразена е малаксаноста, се јавува чувство на гушење, болниот гледа светла пред очите – тогaш е полесно да се постави дијагнозата.

 

 

Доволно течности

 

Во просек, секој петти човек има некаков степен на хронична бубрежна инсуфициенција.Оваа болест може да се развие во која било возраст, но ризикот е поголем како старееме. Имено, по 40-та година јачината на филтрација почнува да опаѓа за околу 1% годишно.

 

Исто така, кај постарите многу се почести и други фактори, кои можат да ги оштетат бубрезите, вклучувајќи ја шеќерната болест, високиот крвен притисок и болестите на срцето. Без разлика на годините, едноставните превентивни мерки можат да го забават напредувањето на болеста, да ги спречат компликациите и да го подобрат квалитетот на животот.:

 

  • Бидете физички активни
  • Редовно контролирајте го нивото на шеќер во крвта
  • Контролирајте го крвниот притисок
  • Хранете се здраво и оддржувајте оптимална телесна тежина
  • Земајте доволни количини течности
  • Престанете да пушите
  • Не земајте лекови кои не се препишани на рецепт
  • Редовно контролирајте ги бубрезите ако имате еден или повеќе фактори на ризик (семејна историја на болеста, години на старост, дијабетес…).

 

Кога е функцијата на бубрезите до толку пропадната, што бројот на нефроните е сведен на 2% до 5%, како можност за лекување  – останува дијализата. Таа е промена на начинот на живот, но единствено само бубрезите, засега, од сите органи, имаат можност за вештачка замена на функцијата. Болниот на дијализа може да живее и повеќе од две децении ако се придржува до советите на докторите.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина