brokula_2

Брокулата секако не е омиленото детско јадење, а не е омилено и за многу возрасни. Сепак, доколку правилно се приготви, брокулата има одличен вкус. Во последните неколку години, научниците открија дека брокулата е многу здрава. Наводно, консумирањето на 100 грама брокула дневно го намалува ризикот од појава  на рак.

Сепак, има уште многу работи кои е добро да се знаат за овој зеленчук. Бидејќи содржи големи количини на антиоксидансни витамини А, Ц и Е, брокулата може да го забави оштетувањето на клетките предизвикано од слободните радикали, кое доведува до стареење и појава на разни болести. Овој зеленчук содржи и речиси два пати повеќе витамин Ц отколку портокалот, па ја зајакнува одбранбената способност на организмот.

Особено е добро да се вклучи брокулата во исхраната за време на бременоста, бидејќи е богата со фолна киселина, како и витамини од Б групата. Овие хранливи материи се важни во првите 12 недели од бременоста, бидејќи ја спречуваат појавата на неправилности во развојот на нервниот систем на бебето.

Брокулата е исто така богата со калциум и магнезиум, кои се неопходни за силни коски, заби, нокти и нерви, како и железо, кое е важно за производството на црвени крвни клетки. Со консумирањето на брокула ќе го спречите и настанувањето на анемија. Со додавањето на брокулата во различни оброци, ќе ги искористите бенефитите кои ги пружа брокулата за убавината. Таа содржи и бета-каротен (растителен облик на витамин А), кој придонесува за здрава кожа и го подобрува тенот.

За време на едни неодамнешни истражувања научниците сокот добиен од брокула го ставиле врз малигни клетки, после што 95% од заболените клетки почнале да се распаѓаат. Брокулата се наоѓа на врвот на топ-листата на зелен зеленчук кој поттикнува апоптоза (процес на уништување на малигни клетки). Брокулата содржи материи, наречени сулфорани, природни растителни хемиски супстанции кои и го даваат специфичниот вкус и можат да го поттикнат самоуништувањето на клетките кои би можеле да се претворат во малигни клетки.

Редовната консумација на брокула се смета за особено корисна за превенција од рак на дојка, чиешто пак настанување се поврза со вишокот на женскиот хормон естроген. Состојките во брокулата, наречен индоли, го забрзуваат метаболизмот на естрогените, па остануваат помалку хормони за “хранење” на рецепторите на малигните промени на клетките на дојката. Кај жените пак кои внесуваат големи количини на фолна киселина е помала и веројатноста од појава на рак на матката или белите дробови.

Овој зеленчук помага и при варењето на храната. Една доза брокула содржи 3,6 милиграми  влакна, а тие се многу важни за доброто варење. Брокулата им помага и на дијабетичарите. Едно истражување покажало дека во 140 грама брокула се содржат 22 микрограми хром, десет пати повеќе отколку во било која друга намирница. Тоа е речиси и целосната препорачана дневна доза, која вообичаено изнесува 25 микрограми. Хромот помага при регулација на шеќерот во крвта, па ако имате дијабетес тип II не е на одмет да ја вклучите и брокулата во исхраната. Освен тоа, брокулата ја поттикнува и сексуалната желба. Селенот во брокулата го зголемува либидото и плодноста.

Готвењето може да уништи некои од хранливите материи во брокулата. За тоа да не се случи, консумирајте ја брокулата свежа или само кратко варена на пареа. Помешајте ја со малку путер и лук. Варената брокула треба да биде мека, но не кашеста. Јадете ги и листовите и стеблата, а не само цветовите. Водата во која сте ја вареле брокулата содржи многу витамини и хранливи минерали. Искористете ја за подготовка на супи или сосови, или помешајте ја со сок од домати и зачини и подгответе еден здрав пијалок.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.