Состојки:
  • 1 помала брокула
  • 1 поголема краставица
  • половина пакување чадено тофу сирење

  • 2 лажици препржен сусам
  • 2 лажици сусамово масло
  • 2 лажици умебоши оцет или сок од половина лимон
  • 1 лажица соја сос
    Подготовка:

Цветовите од брокулата се варат неколку минути (3-4 минути) во врела вода. Се вади, се процедува и се остава да се олади. Овој оброк може да се направи и без варење на брокулата. Краставицата олупена или не се сече и се меша со брокулата. Тофу сирењето се сече на подебели парчиња и се потпекува во тава од двете страни по две минути. Кога ќе се потпече, се посипува со црн пипер и се прелева со лажичка соја сос. Брокулата и краставицата се мешаат во поголема чинија и се прелеваат со сусамово масло, умебоши оцетот и се убаво се промешува. На крајот се додаваат тофуто и сусамот.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина