Голем број на луѓе започнуваат да вежбаат со цел да ја намалат телесната тежина или да го задржат обликот на телото и да ги затегнат мускулите. За ова се многу корисни и боречките вештини. Овие вештини помагаат да се зајакне горниот дел од телото, нозете, грбот и стомачните мускули.  Со правилно комбинирање на боречките вештини и правилната исхрана, ќе го добиете добивате совршен пакет со кој можете да ја остварите својата цел. Во продолжение следуваат неколку најдобри боречки вештини.

 

Карате

 

Каратето е популарна боречка вештина која потекнува од Окинава, Јапонија, каде што пристигнала во почетокот на 20 век. Голем број луѓе ги практикуваат овие вежби со цел да ја одржат својата телесна форма и да изградат мускулна маса. Од кондиционен аспект, треба да направите голем број серии на удари со нога и напади, нормално, овие движења треба да се направат против некој вид на отпор. Со зголемувањето на нивото на отпорот, ги зголемувате и вашите муслкули и коски.

 

Теквондо

 

Теквондо е една од двете боречки вештини (другата е џудо), кои се вклучени во Олимписките игри. Не дека веднаш ќе освоите злато, но ако сакате да  изградите сила и брзина, тогаш вежбањето Теквондо е одличен почеток. Додека вежбате, потребна ви е рамнотежа за да можете истовремено да раковдите со рацете и нозете, и како резултат на тоа, ќе развиете многу добра координација. за вашите раце и нозе да станат посилни, потребно е доста вежбање со вреќа за удирање.

 

Таи Чи

 

Таи Чи е еден од најдобрите спортови за ослободување од стресот и затоа се смета за еден од најнежните боречки вештини. Таи Чи вежбите се фокусираат на клучните мускулни групи. Помага во стекнувањето на сила, рамнотежа, издржливост и ја зголемува флексибилноста.

 

 

borecki-vestini1

 

Кунг Фу

 

Благодарение на господарот на боречките вештини- Брус Ли во  филмот  “Fist of fury”,  Кунг фу стана најпопуларна боречка вештина. Во Кунг Фу вежбите се составени од скокање, удирање со нозете и други движења, што ја прави најдобра боречка вештина кога станува збор за кардиоваскуларните вежби.

 

Џудо

 

Оваа вештина потекнува од 1882 година, а е измислена  од страна на Јигоро Кано. Џудото е многу слично на Теквондото. Најголемата разлика се состои во должината на траење на натпреварот. Во Џудо вежбањето се нагласува силата и издржливоста, тренинзите знаат доста долго да траат. Во оваа боречка вештина е вклучена борба, па затоа кој и да се одлучи за тренирање на токму оваа боречка вештина, за многу кратко време ќе изгради мускулна маса и сила.

 

Капуера

 

Капуера е боречка вештина која редовно се вежба во Бразил. Оваа боречка вештина бара извонредна рамнотежа и координација. Капуерата најмногу зависи од самата сила, за разлика од другите боречки вештини, а исто така вклучува удирање со нозе и разни други движења кои вклучуваат нозе.

 

Танг Су До

 

Танг Су До ентузијастите го нарекуваат “уметност” бидејќи повеќе е за соодветна форма отколку за натпревар. Танг Су До е Корејска боречка вештина којашто го развива телото, умот и духот. Од физички кондиционен аспект, ќе ви помогне да станете посилни.

Еден од клучните аспекти е циркулациското движење со рацете, нозете и дланките со кое се гради моќна сила и издржливост.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.